срцево го направив за едно другарче за женската негова кога правеа една година па да ставам слики, може на некој ке му ја олеснам работата со редење на лед диодите...
6та група на лед
5та група на лед
4та група на лед
3та група на лед
од првите две групи немам слики дека се гледаат како се наместени
еден од модовите на работа е ова
склопената плочка од горната страна
плочката од долната страна, кварцот е од доле ставен дека многу висок ке беше ако го ставев горе а немаше место за да се свитка
и сликано во кутијата, тоа горе лево е копчето за менување на модовите на работа.
кутијата е од бел плексиглас, освен предната страна што е од проѕирен плексиглас за да се гледаат лед диодите (фала богу
), и залепено е со црвена PVC фолија за да заличи на нешто, а одпозади има дупчиња за отпорниците да се ладат. Напојувањето му е со адаптер, 8V 13W. Кога сите лед диоди светат влече приближно 1А. Ако некој друг го прави би му препорачал отпорниците од 1W да го замени со отпорник од 2W, а отпорникот од 2W да го стави со поголема моќност дека ептен се на граница до максималната моќност. Истотака во шемата има грешка една, тастерот треба да е нормално затворен, а не нормално отворен. Има мод на работа сите лед диоди да светат, и знае првите две групи да почнат да трепкаат, па може и за нив да се стави по некое транзисторче.