Ознаката на панелот се наоѓа на самиот панел, значи треба да го расклопиш. Истото важи и за ознаката на PSU-то/инверторот (најчесто се заедно).
Можно е да можеш да ја вратиш во првобитна состојба неонката (да свети појако) ако и направиш напонски множител. Може да пробаш и со напојување од CFL-ка, чисто за проба, дали воопшто ќе направи некаква разлика напојувањето.
И да, освен LED лента, треба да се додаде и напојување за истата. Ги има на eBay заедно со напојување, тоа не е проблем, но ќе изгубиш контрола на backlight... ќе можеш со потенциометар да менуваш јачина на backlight, ама не и со далечинско (бидејќи веќе е сосема различен системот за осветлување).
И смени ги и двете неонки (ако решиш да ги менуваш со LED ленти), не само едната. Осветлувањето ќе биде нерамномерно, а освен тоа, дел од контролата за backlight ќе ти биде на далечинско, дел на потенциометар, а ќе треба и инветорот да биде активен (ако ги извадиш и двете неонки, нема да има потреба од инверторот)... поедноставно е ако и двете се сменат
.