Не би требало да игра некоја улога бидејќи, ако се идеални, може да дадат и да примат неограничена јачина на струја (имаат 0Ohm-и внатрешна отпорност). Практично, 24V-ниот би требало да суперпонира над 2.4V-ниот, да го „полни“ со неограничена јачина на струја, плус да може да даде неограничена јачина на струја на краевите A и B.
По правило, ова не се дозволени врски и не смеат да даваат вакви задачи... барем не на испит, бидејќи ова е повеќе математички проблем отколку електротехнички. Практично, се бафташ со бесконечно големи вредности... а тоа спаѓа во домен на лимеси.