Author Topic: Компјутерот не се вклучува  (Read 2076 times)

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Компјутерот не се вклучува
« Opened on 13.05.2013, Monday, 00:42:35 (Edited 13.05.2013, Monday, 02:56:57) »
Сменив напојување ,кондензаторите на матичната плоча добри се ,приклучив друг прекинувач на матичната(посомневав и на него),што би можело да биде проблемот(можеби е широк поим) но од каде да почнам ? :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Компјутерот не се уклчува
« Reply #1 on 13.05.2013, Monday, 00:58:40 (Edited 13.05.2013, Monday, 01:03:47) »
Стави навистина ново напојување( не вадено од друг РС) и стартувај ја само плочата со процесорот,рам-от и  графичката.Врти ли кулерот на процесорот?Друго се откачи.Ако немаш базер стави и види дали ке свирне.Потоа извади ја батеријата и држи ја матичната без напон триесетина секунди.Сега стави ја назад батеријата и извади го рам-от.Без рам треба да свирне матичната.Истото направи до и со графичката.Ако и тогаш нема никаков звук ,матичната е изгорена.За секој случај извади го мрежниот кабел за цело време.

Споено мислење: [time]13 Мај 2013, 00:02:53[/time]
При ставањето РАМ меморијата протриј ја со метална фолија и врати ја на слотот!

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Не врти кулерот на процесорот ,воопшто не се уклучува .
Ќе пробам па ќе јавам ...

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Од око ли ги гледаше кондензаторите или мереше? Последно е да ги смениш оние сите околу влезните фет-ови.Не би требало повеќе од 6 парчиња да се .Грее ли чипсетот? За каква матична се работи и колку е стара?

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Одг: Компјутерот не се вклучува
« Reply #4 on 13.05.2013, Monday, 19:39:09 (Edited 13.05.2013, Monday, 20:32:08) »
Не ги мерев ,од око ги видов дека не се подувани.
Земав ново напојување ,ја извадив батеријата како што ми рече ја вратив и се уклучи.
Кулерот на процесорот ќе заврти за 1 сек и ке се намали малку брзината за дел од секундата и пак ќе продолжи со истата брзина како на почеток.
Приметив како да има промени во брзината на вртење на кулерот .
Хладњакот од процесорот беше маалце замлачен што значи тој е ок .
Чипсетот ако мислиш на онoj што пишува на него VIA VT8237 беше исто млак.
Нема никакви бипови без рам меморија (самата плоча си има бузер).
Го откачив кулерот од процесорот и слушнав додека работеше некое 'тик' од време на време.
Додека испробував се ова ,беше откачено се од плочата.
Матичната плоча е Elitegroup.
 
Code: [Select]
http://www.ecs.com.tw/ECSWebSite/Product/Product_Detail.aspx?DetailID=656&CategoryID=1&MenuID=16&LanID=0Поздрав !

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 226
Чекај сеа, кратко и јасно објасни, значи матичната ич не стартува, велиш нема подујани кондензатори?! хладнјакот е замлачен, па кулерот малце врти, можиш да објасниш малце по убаво?!

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Незнам што не ме сфати.

Значи матичната ич не стартуваше....земав ново напајање и се стартува .
Е сега при уклучување кулерот од процесорот завртува со некоја брзина и во дел од секундата се случува брзината да се намали малку и пак продолжува по старо да врти и додека врти од време на време се приметуваат некои мн мали промени на брзината (побрзо поспоро).
Нема бипови никакви ,без рам меморија.
Кондензатори подувани нема.
И графиката е интегрирана.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Последно ти е да ги замениш големите елко околу фет-овите.Малку работа,може да се исплати.Не кажа која плоча е,има  некои  работи што може да се од знашење според моделот.

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Па ете поставив линк во предходниот пост го има и manual-от од плочата

Еlitegroup   P4M890T-M2 (V1.0B)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ajде стави друг процесор  8) само за да го исклучиме тоа.Се дешавало и процесорот да биде дефект.Провери го и оној напон 3,3V ,дали иде до него!Смени кондензатори,ако не се подуени.Трошокот е некаде 100 денари 8)

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 226
Е така, кратко и јасно, те сватив  :)

1. Пробај со друг процесор.
2.Вртењето на кулерот, побавно побрзо е во зависност со колку брзини е кулерот, кога ке загрее процесорот побрзо врти кулерот.(не се сите такви кулери но ете можеби кај тебе е таков)
3.Дали ресетира матична(цмос-го преклаваш џемперчето), (ја ваѓаш биос батеријата), со тоа би можело да проработи.
4.Проба да ставиш графичка?! пошто тебе ти е онбоард(интегрирана) може таја да е цркната, стави графичка па пажи што бидна.
5.Дане си абдејтувал случајно Биос па си ја зезнал матичната?! и тоа може да биде.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
2.Вртењето на кулерот, побавно побрзо е во зависност со колку брзини е кулерот, кога ке загрее процесорот побрзо врти кулерот.(не се сите такви кулери но ете можеби кај тебе е таков)

Сакаш да кажеш „во зависност од тоа дали има PWM регулација или не“ ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ако ти е матичната од оние *позлатени *серии ,таа имаше проблем со влезните фет-ови и треба сите три да ги замениш,а и барем оние шест електролита околу нив.Можно е тука да паѓа напонот .Ти реков ,пробај замени ги поголемите електролити,тоа ти е последна можност,иначе прогласи ја МБ за мртва ;D

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 226
Мој совет, дур се мандориш со таја матична, појди си на сервис, ке ти ја средат.. и никому ништа, или па земи си нова матична и готово. ;)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Компјутерот не се вклучува
« Reply #14 on 15.05.2013, Wednesday, 02:57:55 »
Абе батка,ова е Форум,одиме до крај,да помогнеме.Нека се помачи малку,му кажав што да проба ,па нека се помачи.Нели ти сакаш сервисер да бидеш? 8)