по даташит незнам, ама во една книга (по неа правев) 35W пишуваше, сигурно има повеќе моќност,
Нема логика во книгата да е исправно напишано, а во datasheet да е напишано грешно. Ако во datasheet пишува 32W (не знам, не сум прочитал), значи дека засилувачот дава 32W. Освен ова, во datasheet-овите (барем за интегрирани засилувачи), често знаат да „преувеличуваат“ (се дефинира музичка моќност, не RMS, а се користат и други финти, се користел максимален напон на напојување со сигнал од 1KHz, што е стандард, но често ова не се „осеќа“ како „толку и толку“ вати). Така да, први кои би „преувеличиле“ би биле производителите (нормално, сакаат да им се продаде производот), ама не верувам дека некој кој напишал книга со шеми, знае повеќе за колово од производителот на колото.
и шо ако е постар, јак е сега? xD онака пишувам “дете“, не дека сe правам голем или нешто
Не те учеле како помал дека се почитуваат постари
?
иначе да слушнете 20ина W RMS ќе се чудите колку е, а и голема улога игра просторијата каде се пушта, на какви звучници и т.н.
Тоа е така бидејќи реално, поновиве генерации барем, навистина немаат претстава колку е всушност 20W RMS моќност, а тоа е така поради сите пропаганди, реклами и „тумачења на моќност под сомнителни околности“ кои ги имаат внесено фирмите во нивната пропаганда машинерија, со цел да постигнат поголема продажба на определени засилувачи, звучници, DVD плеери и што уште не. Реално, моќност од 20W RMS по канал е повеќе од доволно за домашна забава со 10-тина до 20 луѓе.
пак ќе напоменам не сфаќајте толку здраво за готово
А ти да припазиш што пишуваш за ние да не мора да се трудиме да тумачиме што да сватиме здраво за готово, а што не?
Е,сега дека погрешно си разбран - не си,верувај,добро те разбираме.Сепак,биди покоректен во изразувањето,Опомената не значи дека веднаш ке те отпишеме,туку дека веруваме да се поправиш.Точка со ова,без правдање и малку поголема толеранција кон сите.И без офф топик упаѓања.држете се сите до темата.
Сосема во право. Правилно си разбран и очекуваме да си го корегираш односот, барем од овој аспект. Биди покултурен и почитувај ги постарите, а дел од нив се и подолго време на форумот од тебе, така да, ред е да ги почитуваш членовите со „поголем стаж“. Исто како во ново друштво, не фаќаш веднаш да се зезаш на сметка на сите останати кои се знаат едни со други „100 години“, нели?