Тоа што ти го спомнуваш не се вика плех, уште помалку лањак, туку се вика ладилник и обично е направен од подебел ребраст алуминиум, најди и стави некој подобар (поголем) зошто од него ќе зависи колку ќе ти трае засилувачот. Лискуни се викаат едни многу тенки парчиња изолатор, најчесто се изработени од лискун, од таму им доаѓа името, имаат форма како интегралецот и се ставаат помеѓу него и ладилникот за електрично да се изолираат еден од друг, во случај кога металниот дел од интегралецот е на некој потенцијал. Кога ќе купуваш паста распрашај се за ова во некоја продавница за делови, ќе ти објаснат се што треба да купиш.