А дали може наместо напојување од компјутер да се земе напон од акомулаторот и да се намали до посакуваниот напон, од 12 волти и од 5 волти?
Можеш да го изведеш тоа со 7805, за повеќето CD/DVD-ROM-ови 1A е повеќе од доволно, иако некои бараат и повеќе, на горната налепница од CD/DVD-ROM-от пишува колку струја влече уредот од секој од rail-овите, од 12V-ниот и од 5V-ниот.
Баш сега нешто Google-ав, ова не може да се изведе со „многу лемење“ како што ти нагласил другар ти. Треба да има контролер кој ќе му задава пакетски команди на CD/DVD-ROM-от за да може истиот да пушта аудио CD-иња. Така да, не е возможно да се изведе само со лемење и преспојување на пинови, потребна е и контролна логика за генерирање на пакетите (најпросто е да се изведе со микроконтролер, има online проекти со вакви изведби, ама мислам дека не се исплати, барем не во денешно време, повеќе ќе те коштаат самите делови одколку да бараш на старо CD/DVD-ROM со play копче :S).
И уште една работа што ја прочитав online, некогаш производителите не го ставаат play/stop копчето на CD/DVD-ROM-овите, иако CD/DVD-ROM-от има хардверска поддршка да пушта аудио CD-иња независно од PC-то. Така да, расклопете го CD/DVD-ROM-от и видете дали веднаш до eject тастерот има празно место за уште еден тастер. Ако има, пробајте монтирајте тастер (или жички, колку за проба) и видете дали ако имате поставено аудио CD внатре ќе почне CD-то да свири
. Но, пазете, на местото каде што го прочитав ова, некои луѓе се жалеа дека си ги зезнале CD/DVD-ROM-овите со краткоспојување на овие две лемни места, така да, не значи дека ова е 100% сигурен метод, но според мене е многу поевтина варијатна одколку да правите цел проект со некој микроконтролер само за да имате некој евтин CD плеер и вреди да се проба, барем ако имате на располагање некој CD/DVD-ROM кој не ви треба или ви е фазла
.