Значи вака,
го направив предзасилувачот со ECC82 според втората шема, прво го направив првиот дел од шемата (само со пола ECC82, до влезот на втората решетка), ама не бев задоволен од засилувањето, т.е. не даваше доволно побуда, па го додадов и вториот дел од ECC82 и тука работите се сменија, сега засилувачот дава максимална снага и со мали сигнали на влез, да не зборам дека со поголеми сигнали гласноста е зголемена трипати
. Пробав и со друг предзасилувач, кој што го имав при рака од друг проект, DoZ (Death of Zen) транзисторски предзасилувач во А класа, може им е познат на некои, а на тие што не им е еве ја шемата
http://sound.westhost.com/project37.htm
и со него ги добив истите резултати, ама се одлучив за првиот за да биде all tube засилувач!
Со ова фазата на експериментирање е завршена, следи уште некој ден тестирање in vivo и после се оди во кутија
. На крај еве како изгледа лампашки засилувач и предзасилувач во фаза на тестирање
само предзасилувачот со ECC82
П.С. кој ќе погоди која жица е која има пиво од мене
!!!