250V на трафото е повеќе отколку што треба, ама пробај, кога ќе ги поврзеш двете лампи (двата канала) можда напонот ќе падне доволно, ова зависи од отпорноста на излезното трафо кое што го користиш, ако не тогаш можеш да го дотераш напонот со отпорник, јас така правам. Имам трафо 2x250V кое после исправување дава добро над 300V, и со отпорник 1к2 сериски со излазното трафо си доаѓа таман. Не можам да пробам со двата канала истовремено (имам само една PL84
), можда ќе треба да се корегира вредноста на отпорникот. Иначе отпорникот треба да е барем 5W (а и тогаш ќе можеш да вариш кафе на него
), трафото барем 30W, моето е отприлика толку и после саат-два работа само со едниот канал приметно се загрева, со двата канала би било на граница на непријатно топло. Друго, околу софт стартот, обавезно диоди 1N54xx или 3А грец, LM317 треба да биде на добар ладилник пошто сите греачи заедно влечат цело време 1А низ него, ќе има слики понатаму да видиш димензии на ладилникот отприлика. За предзасилувачот 10W трафо е доволно.
На крај уште еднаш апел до сите - ако има некој да ми продаде/позајми/размени една PL84 за комплетно да го истестирам напојувањето и засилувачот ќе му бидам мошне благодарен!!!