Еве конечно слики како што ветив, се извинувам поради закаснувањето
Напред
Позади
Лампите, едната голема е само за сликање, не е PL84
Уште еднаш од напред
In action, засега само едниот канал пошто ми фали уште една PL84 (Борче, се гледаме за кратко
)
The guts...
Вака се правело во времето пред да се појават штампаните плочки...
Од звукот сум многу задоволен, топол, типично лампашки (тие што слушале старо радио со лампи знаат на што мислам), басови има доволно, едино најгорното високотонско подрачје е ослабено, ама не е ништо страшно со оглед какви излезни трансформатори користи
. За тие што се чудат што му е тој чудниот конектор позади, над мрежниот - тоа е "папочната врвца"
, бидејќи трафото за греачите и предпојачалото се во друга кутија, кога ја направив оваа видов дека нема се да собере во неа, а ме мрзеше да правам нова, така да...Иначе, појачалото има шест трансформатори и две пригушници, па тежи еден тон и затоа решив да го викам FatBastard (Fat дека е тешко, а Bastard дека е правено со "алтернативни" делови
).