Друго што приметив исто, U105 на шемата е поделен со 5 регулатори на напон а кај мене е обичен 14 пински контролер (TL074CN).
Тоа се 4 операциски засилувачи и се спакувани во едно куќиште
. Затоа се обележани со U105-A, B, C и D
. Сите се напојуваат од истите пинови на куќиштето, тоа е во ред
.
И водот заа напонот од +5V е исто така прекинат еве слика повторно за тоа.
Е ова е веќе чудно и не би требало вакво да биде врзувањето. Подетално ја разгледав блок шемата од M62446 од datasheet-от и изгледа дека тие напони не му се потребни за напојување, но изгледа му требаат за дефинирање на симетричноста на влезниот сигнал. Една од причините поради која бруи излезот, можно е да е таа.
Како и да е, не штети да ги има тие напони. Земи +5V и -5V од од било кое коло, од U102 до U104 (кое е најблиску до M62446) и додади му ги тие напони (залеми жички за тие пинови) и потоа пушти филтерски степен до (100nF во паралела со 100pF) до GND. Значи, треба да имаш два такви филтерски степени, еден од +5V на M62446 и другиот од -5V.
Па ене гледам и пин 7 од M62446 за ништо не е врзан. Треба пин 7, 10, 12 и 14 сите да се врзани за GND.
Детално разгледај ја шемата од сервисното упатсво и види да не има уште некои недостатоци (неврзани водови) од U101 до U106.
Ко што гледам првите два пина од горе десно се тие за првиот - позитивниот напон, вториот - негативниот напон.
Ако TL074 е во SMD куќиште, пин 4 е +Vcc (+12V), а пин 11 е -Vcc (-12V).
Плочава е најверојатно правена сериски и за аналоген и за дигитален излез на сигнал. Затоа ти спомнав да го видиш лемот на џекот за дисплеј плочата. Залемен е само на пола пинови на плочата а останатите се калаисани и празни. Тука стоел некој друг тип на џек.
Можно е, но не мора да значи. Можно е и да планирале друг тип на конектор да искористат. А можно е и некој друг модел со повеќе функции (друг MCU, чипот на плочката со дисплејот) да се користел за некој сосема трет модел и само плочката за контрола да била иста... кој знае.
Кога сме кај дигиталниот излез/влез, постои ли опција да додадеме оптички вллез/џек?
Па... не ми изгледа како да може. Колку што разгледав, сите интегрирани кола се користат за дигитална контрола на аналоген сигнал... D/A конвертор не видов, така да... дури и да може, не мислам дека ќе ти се исплати.
И кажи ми после секоја додадена надградба на кој пин да ја мерам разликата во зуењето дали се намалува?
Јас би одел со тест проба (краткоспојувам влез и слушам, на звучниците, дали има разлика во зуењето). Ако има (се намалило), одам понатаму, ако не... пак одам понатаму
... трета опција немаш. Овие додатни компоненти (филтерските кондензатори) воопшто не му пречат на работата на засилувачот, баш напротив, ја прават работата постабилна и подобра
. Практично, не можеш ништо да изгубиш дури и ако не го намалат зуењето
.
Но мора да ја разгледаш и шемата детално, можно е да има уште некои недоследности меѓу практичната реализација и електричната шема. Јас би пробал прво со елиминирање на тие недоследности (напоните што фалат, пин 7 да се врзе со GND, итн.), тест проба, па ако не се подобри ситуацијата, би преминал на монтирање на филтерските кондензатори. Јас пак би ги додал, и откако ќе го елиминирам проблемот (под услов проблемот да биле баш овие Кинески глупости, фали GND, нема analog Vcc...
), тие не штетат, и преправките со дебел вод за GND меѓу плочката со засилувачот и некои други измени, би ги оставил, но поентата е да се најде која е конкретно најголемата причина зошто засилувачот зуи кога ќе се врзе со контролната плочка, бидејќи сигурно има некоја причина која „доминира“
.
Зуењето трае 2 секунди и се губи скоро комплетно на период од 4 секунди.
Сакаш да кажеш дека се јавува периодично (2 секунди зуи, 4 секунди пауза и пак истото)?
Сеуште не ми е јасно што го предизвикува тој интервал со прекини на зуењето!
Ај провери да не свети дисплејот 2 секунди, па потоа да има 4 секунди пауза, па пак исто (или обратно, 4 секунди свети, 2 секунди пауза)
.
На прекинатите пинови кај U106 нема напони од +5V и -5V, не стигнав да ги најдам вистинските напони и не ставив таму филтри. Ќе го направам тоа утре.
Да да, и уште поважно, врзи го пин 7 за GND и провери и сите останати пинови дали се врзани како што треба (според шемата) и кај сите останати интегрирани кола на контролната плочка
.
EDIT: Подоцна ја видов последната слика. Не си требал да ги врзуваш масите „во серија“, туку „во ѕвезда“ (по еден пар од кондензатори 100nF/100pF со еден вод за маса до истата точка). Знам, така се собираат многу водови, но кај аудио конструкции ова е многу важно (масата да завршува во иста точка).