Значи вака , моторите се биполарни 100% затоа што намотките имаат среден извод за фул степ и хал степ , инаку ги има и со 4 жици , ова е подобра опција затоа што може да оди и полустеп ,околу типот на мотори толку
Повели, see for yourself
:
Дефиницијата не би-поларен мотор е две намотки по фаза т.е. два изводи за 2 намотки, две фази - 4 изводи. Униполарните мотори може да работат и во режимот на биполарен мотор, доколку средната намотка не се приклучува. Иначе тоа колку жици има, нема врска со начинот на управување - full/half/micro stepping.
што се однесува за цената мотори со 1А знаат да одат од 100 до 150 еура , во странство , во скопје со царина шпедиција и банкарски плакања тоа доага некаде дупло ,и тоа кинески мотори, ова јас што ги имам се со карбидни лагери, понатаму , цнц машина со работна површина 50 x 70 цм да ја набавиш готова знае да оди и до 15.000 еура, а главни сегменти за трите оски се степерите , контролерите се прават лесно , совтверот исто така е достапен за мали пари , значи ако резимираме , цената е симболична со оглед на проектот што се пави ,
ме интересира која цена би ја понудил ти , па да видиме што ке кажат и другите членови на форумот
Јас би понудил цена од 10 до 15 евра, не повисоко од тоа.
Зошто ? Моторите што ги имаш понудено се Japan Servo кои што се средна класа на степер мотори во индустријата и хоби-маркетот. Доколку збориме за што и како може да направиш со нив, за 400 евра може да направиш и 3Д принтер со истите мотори, но ако ги набавиш од странство кај кај нивната цена е помала од тука-понудената.
Истотака ќе потенцирам дека јас лично имам набавено minebea степер мотори, кои што се де-факто подобри од Japan Servo за 10 евра по комад со 70 N/cm сила, во однос на овие што се огласени кои имаат 45 N/cm сила
Поздрав