Панче,што би рекол еден колега -* во грешка си!*
Дечково вели* Дали некој размислувал како да се направи конектор со кој би мозело да се приклуци ЛАП ТОП на видео влез на ТВ Или ако некој го има направено нека даде некои инструкции*Значи нешто бара,не знае да објасни што - ама,јас ова уредче го наведов како пример како се може да се добие видео сигнал( во случајот ВГА) од УСБ порт.И тоа не за рекординг,ами за класичен видео пренос во *лајв*.Овие гаџети ги продаваа евтино поради тоа што никој не знаеше што како се користат,дури оти и драјвери требаат,а ги имаше една македонска фирма на * тони*.Тие доаѓаа со уреди кои се набавија за одредена категорија корисници,ама баткиве ги извадиле и ги продаваа безмалку џабе!
Имам уште десетина парчиња кои ги користам или делам по потреба,а се згодни кога ке ти рикне ЛЦД екранот на лап топ ,графичка или за врзување на два или три монитора на еден уред.Иначе ,одлични се за приклучување на компјутер на ЛЦД проектор.Значи,точно е дека дечково не објасни до крај,ама со обзир дека скоро сите понови ЛЦД/плазма/ЛЕД и други форми на ТВ апарати имаат ВГА порт ова опција е добра. Впрочем,уредот го има и на е-беј.