Да си ми жив и здрав за овие кинескиве, јас на работа откако ми прегоре едно сименс напојување од 5А најдоа и почнавме да монтираме 10А ама кинески од марка Q&Q ама ниедно не работеше повеќе од 2-3 месеца, за потоа да го поправаат едно од тие во електроничарски сервис каде ни кажаа дека максималната струја е не е ни напола од декларираната.
Ќе кажам само еден прост пример за обично Кинеско компјутерско напојување (сите се Кинески, ама има no name брендови и имате Cooler Master, Corsair, Antec, Enermax
). Напојувањето беше декларирано како 450W-но. Го споредив со едно декларирано како 300W, и по тежина и по други карактеристики. По тежина, 300W-ното беше скоро дупло потешко (!?) од ова 450W-ното. Switching трансформаторот во 350W-ното беше повеќе од дупло поголем од 450W-ното. Switching транзисторите во 350W-ното (малку постаро беше, па имаше switching транзистори, во денешно време почесто се користат MOSFET-и, но има случаи во кои се користат и транзистори) имаа поголема пробивна струја од swicthing MOSFET-ите во 450W-ното. Switching фреквенциите и на двете напојувања беа исти (мислам дека беа околу 100KHz), од каде следува дека може да се направи директна споредба на големините на switching трансформаторите (при повисоки фреквенции на работа, потребни се помали феритни јадра на овие трансформатори за да се испорача истата јачина на струја како со поголем трансформатор, но бидејќи switching фреквенциите им се исти, следува дека трафото е димензионирано за „таа и таа“ фреквенција и кај двете напојувања, од каде следува дека може директно да се споредат моќностите на двете напојувања).
Значи, како конечен заклучок, излезе дека 300W-ното напојување е помоќно од 450W-ното напојување. И двете се no name брендови (не се no name, кај нас тоа се многу познати брендови, како Gembird, Hantol, PC Power, итн.
), со тоа што 300W-ното беше некој бренд Super Power, но постара серија, а 450W-ното напојување беше некое си Codegen (или нешто слично на ова беше, не ми текнува сега). Од овде следува дека 450W-ното е сигурно послабо од 300W-ното. Мое лично мислење, поголема моќност од 200W нема да даде 450W-ното напојување.
Затоа, добро проверете прво по тежина напојување. Ако е прилично тешко, дури и да е некое no name Кинеско, има прилично големи шанси да има добра изведба, дури и ако е декларирано како послабо. Еднаш начекав „стари“ 350W-ни напојувања, изгледа во склад им останале непродадени, кои се продаваа многу евтино само поради тоа што беа постари, наменети за P4 или PIII машини, а на тежина беа околу дупло потешки од новите 450 и 500W-ни напојувања, чија најевтина цена беше дупло повисока од 350W-ниве
. Ако им фалат додатни конектори кои ги бараат поновиве плочи, не е проблем, може да се додадат и залемат (најчесто има слободни дупчиња на самата плочка за додатни кабли), а сигурен сум дека подолго ќе издржат од овие новите и поголема струја може да дадат на нивните излези... а најверојатно и изведбата им е подобра
. На пример, од новиве no name Кинески напојувања кои ги имам начекано, скоро нитуедно нема влезна EMI филтерска секција (на местото каде што треба да стојат калеми, стројат краткоспојници, на местото на кое треба да има кондензатори, нема ништо... а дел од нив немаа ни осигурувачи
). Постарите напојувања (за PIII и P4 изведбите) секогаш имаа EMI филтерски секции, а и општо, изведбата им беше поквалитетна, иако беа Кинески.
сега гледајте тој што треба да го земам е 20в 3.5А негде е сега еден го прашував и ми вика кога нема да биде оптеретен на излез ке дава 23в струја ако е 20в адаптерот. дали е стварно тоа ако е така ке изгори
Не се грижи, најверојатно нема да изгори лаптoпот, нормално е тоа. Скоро секое switching напојување дава на излезот повисок напон (некои дури и значително повисок, зависи од дизајнот) кога не е оптеретено напојувањето. На пример, travel charger на Nokia дава на излезот напон од 8.6V кога не е приклучен телефонот на полначот. Кога ќе се приклучи, овој напон паѓа на околу 3.8V. А самиот полнач е деклариран дека на излезот дава напон од 6V. Не се грижи, не би требало да има проблем. Во самиот лаптоп сигурно има стабилизатори кои напонот го намалуваат на потребното ниво
. Само пази да не го погрешиш поларитетот
. Кај овие универзалниве може да бираш и поларитет, затоа
.