трафо околу 450 вати ти треба за сите три појачала или три од по 150 вати (ако немаш мостни споеви, по мое поефтино е со едно трафо). Треба да има два излези од по 28-30 волти , со заедничка нула, е сега можно е да продава некој и на форумов, може да прашаш и по винклери, во зависност дали е EI или торус ќе има и разлика во цената, али би требало да најдеш солидно трафо за 2-3000 денари. Со едно трафо ти треба еден грец, 10 амперски ама и 50 амперските се мислам околу 150-200 денари така да стај му таков- раат глата... Кондезаторите може да ги ставиш на башка плочка, доволни се 6 за 3 појачала од по 4700 микрофаради, но мој совет е да ставиш 10 од по 4700 микрофаради. За бас-појачалото ќе ти треба еден филтер (http://www.diy-electronic-projects.com/p7-Low-pass-filter-Subwoofer
) прилично ефтино кошта, а може да се земе напон од постоечкото напојување.
Одамна не сум правел нешто со тда, ама мисла се околу 300-400 денари парче.
Како што предложи Zan на форумов има доста шеми за засилувачи со тда, така да....