И јас се сложувам со Zan. И јас кога работам нешто, сакам да тера долго време. SMPS напојувањата се добри за кратки стази, не и како долготрајно решение.
Проблемот е што во денешно време, во потрага по минијатуризација на се, се очекува и напојувањата да го следат тој тренд. SMPS беше решение на многу проблеми со кои се соочуваше индустријата, од скапото железо за лимовите од обичните трансформатори, па се до нивната тежина, а со падот на цените на производство на switching MOSFET-и и општо, полупроводнички компоненти, се поисплатливо беше да се направат моќни SMPS напојувања.
Може да се направи и издржливо и трајно SMPS напојување. Доказ за тоа се SMPS напојувањата од ерата на PI и PII. Сеуште имам дома две такви напојувања кои работат беспрекорно. Се разбира, квалитетот на компонентите не е ист како на денешниве ATX напојувања од 500 денари. Не можеш да споредиш кондензатор Made in Japan или Made in Germany пред 20 години со кондензатор Made in China. Дури и сега, по 20 години работа да ги ставиш на тест, овие од Јапонија и Германија пак ќе бидат подобри од овие ганц новиве Кинески
. Но, тоа е тоа. Колку пари, толку музика
. Затоа тогаш еден компјутер чинеше 2000 марки, па и повеќе, а сега се по 200 евра
.
Споено мислење: [time]21 Март 2014, 22:48:36[/time]
Има една стара изрека ,која некој ја сваќаат шеговито,ама сепак има смисла:
Прашувал некој почетник- каков појачувач да купи? А стручњакот му одговорил - гледај да е што потешко!Е,па тоанека биде и крај на моето размислување - трафо си е трафо,макар било 20 кг!
Скратена верзија на она што сакав јас да го кажам
. Нека е и 200 кила, само да работи како што треба и на +50 и на -20
.