Ова важи и за системите, двд плеерите ? Што ако му појачам премногу, ќе изгори од повеќе струја ?
Можно е да се случи, но се случува многу ретко, да не речам, скоро никогаш. Тие потенциометри кај различни модели на DVD-ROM-ови и општо оптички уреди за PC имаат различна функција. Начесто со нив се штелува дијапазонот на фокуси кои може да ги има леќата на ласерот (по некое време, ласерската леќа се заматува или запрашува, или се заматува приемнкот на ласерската информација, па потребно е да се подеси дијапазонот на фокуси да биде поголем за да може приемната фотодиода да ја прима со иста прецизност повратната информација од леќата, па затоа се прештелува овој потенциометар, но недостаток може да биде поголема потрошувачка на струја низ отклонските калеми на леќата, што може да доведе до горење на некој полупроводничка компонента, не се случува често, но имам видено да се случи). Но, некогаш, со нив се штелува и јачината на зракот. На пример, DVD режачите имаат два потенциометри. Некогаш едниот од нив е голбален и со него се штелува фокусот за двата ласери, а со другиот се штелува јачината на зракот за двата ласери. Некогаш со едниот од нив се штелува јачината на зракот за ласерот за CD, а со другиот јачината на зракот за ласерот за DVD, што значи дека нема потенциометар за штелување на дијапазонот на фокуси. Различни дизјани имаат различни опции. Како и да е, факт е дека оптичките уреди наменети за PC кои може да режат дискови најчесто имаат два потенциометри. Оние кои не можат да режат, ако е CD-ROM најчесто имаат само еден, ако е DVD-ROM имаат два (еден за ласерот за CD, друг за ласерот за DVD). Купечките DVD и CD плеери и системи, најчесто имаат само еден потенциометар, без разлика дали е DVD или обичен CD плеер, и со него се штелува или фокусот, или јачината на зракот (во зависност од тоа како го замислил дозајнот фирмата која го произвела). Во секој случај, крајната цел и на двата типови на штелување е да се постигне добро читање на DVD и CD дискови
. Но, ова не значи дека CD или DVD плеерот ќе ви чита пиратски копии ако го штелувате ласерот (порано вака се лажеа некои луѓе
). Ако вашето Sony SP не чита оригинали, треба да се чипува, а не да му се штелува ласерот
.