Author Topic: Откриен идентитетот на човекот кој ја смени историјата спасувајќи му го животот  (Read 860 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Барајки по сајтовите од нашите телевизии со цел да видам дали некој ја пренел веста од снимката од хеликоптерската несреќа, не најдов ништо (очекувано беше да го преќутат а може и дека е неработен ден... одлучете сами) но најдов нешто друго:


Во јануари 1894 година спасено е дете од ледената вода на реката Ин во Германија.



Во веројатно најдеструктивниот дел во историјата, едно момче спасило четиригодишно дете да не се удави. Тоа дете пораснало во еден од најголемите злосторници на сите времиња, Адолф Хитлер. Сега, после некои истражувања низ германските архиви, Макс Тремел, свештеник, тврди дека малиот Хитлер го спасил неговиот претходник, Јохан Кухбергер, пишува „Дејли меил“.

Во јануари 1894 година, детето за кое се верува дека бил малиот Хитлер, било спасено од ледената вода на реката Ин во Германија.

Отец Тремел пред неговата смрт во 1980 година раскажал дека отец Кухбергер бил на иста возраст како и Хитлер кога го видел како се дави во реката Ин и дека нурнал во разбеснетата вода и го спасил. Оваа приказна, за време на својот живот Хитлер никогаш не ја потврдил, но сега се пронајдени исечоци од локалните весници во кои се опишува како детето паднало низ ледот во реката во јануари таа година. Во текстовите се наведува дека и „одличен пријател“ влегол во ледената вода и го спасил детето.

Оваа епизода од животот на Хитлер е опишана во германската книга „Заминувањето од Пасауа – напуштање на градот што Хитлер го нарекуваше свој дом“, од авторката Ана Елизабет Росмус.
„Брегот на реката Ин е идилично место за детска игра“, напишала таа во својата книга, во која пишува и за историјата на нејзиното семејство.

„Во 1894 година тој си играл со деца покрај реката. Адолф паднал во реката. За среќа на малиот Адолф, синот на сопственикот на куќата во која живеел успеал да го извлече од водата на време и да му го спаси животот“, пишува Росмус во својата книга.

Хитлер како момче, а и подоцна меѓу неговите генерали, раскажувал како со другарите од детството си играле каубојци и Индијанци на брегот на реката Ин, но никогаш не ја споменал приказната за давењето.

Во локалните весници, во кои е пронајден текстот за несреќата не се споменува името на детето кое за малку ќе се удавело, но историчарите веруваат дека сепак тоа е некаква поткрепа за теоријата на отец Тремел дека сепак станува збор за Хитлер.

Баварска радио – станица кон крајот на јануари ќе емитува цела емисија за овој инцидент, пишува „Дејли меил“, под називот „Што ако Хитлер се удавеше?“. За легендата околу фаталното спасување ќе говорат многу стари жители на Пасауа кои потврдуваат дека ја слушнале приказната за незгодата на Хитлер додека растеле во ова германско гратче

извор
Code: [Select]
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=85310
П.С. А и вие, може да коментирате, не е забрането ;D
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
мислам дека ова се глупости, хитлер по потекло е од австрија каде живеел со семејството
откако излезе од затвор во германија и продолжи да се буни против тогашната „демократија“ која ја имаше во германија за да влезе во парламентот мораше да биде германски државјанин, преку врски ова она доби германско државјанство ...
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
луѓе не правете добро бидете лоши и ќе спасите многу невини животи - хехехех, така испадна ова...