Author Topic: Супер хипер греач РУСКА ПОДМОРНИЦА  (Read 10942 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Супер хипер греач РУСКА ПОДМОРНИЦА
« Reply #45 on 28.01.2014, Tuesday, 10:18:38 (Edited 28.01.2014, Tuesday, 10:20:47) »
Ако се чувствуваш навреден долу десно под секоја порака има поле Пријави на модераторот, кликни на тоа и пиши ни ја причината зошто баш таму се чувствуваш навреден.

Инаку многу многу не е битно од кога си по форуми, затоа што некој кој се зачленил вчера и открил за форумите може да биде исто толку добар колку и некој од пред 8 и повеќе години (пример ова де)

Доста ви е офф топик, ако имате нешто за темава произјаснете се.
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
...
не... сакам да кажам дека половина (одпилика) од топлинската енергија се губи а не од електричната.
...

Па добро, топлинската се добива од електричната, па (според тебе) пола од таа топлинска енергија се губи.


...
или ај вака... погеденте го нашиот фејсбук профил. успешно имаме заменето на стотици електрични котли, кои дел се прикажани на нашиот профил и нешто има и на вебсајтот. поентата е дека електрични котли ги вадиме и тураме кано системи со двојно помала разлика. во некои ситуации и тројно помала разлика. нај интересен за вас би бил примерот со изваден 36 киловатен котел и стваен кано 3 систем со 12 киловати... или системот со 9 сонди (вкупна снага помеѓу 30 и 36 киловати варијабилно) поставен во зграда од 750 квадрати. кога со електричен котел со истите тие снаги ке ги поставиш на тие квадратури и ке загрееш јас ке частам печење во нај елитната кафана. (не дека не сум љубител на ова последново ;D )
...

Го погледав профилот на фејсбук, но еве пак не ми е јасно. Значи имате инсталирано ваш систем на греење од 12 kW каде што претходно имало котле на струја од 36 kW.
Значи сакаш да кажеш дека 24 kW топлина во претходниот случај одела во ветер ??
Со таа енергија би се грееле уште две куќи со по 12 kW или 6 термо печки од по 4 киловати, а според тебе во случајот со греење директно на струја таа енергија исчезнува ?
Life is too short to remove USB safely ..

Offline TimElektronik

  • Нов член
  • *
  • Posts: 26
Ептен ја заплетка друже канонсистеми
За да добиеш топлинска искористуваш електрична нели?Во вашиов случај ако добро разбрав вие инсталирате котле кое работи на некој т.н. флуид или што и да е и дека тоа котле ја пренесува топлинската енергија поефикасно или па произведува поише топлинска на литар течност??Би разбрал доколку да речеме течноста со која го полните котлето врие на 30 степена.Тогаш можда би разбрал дека со помалку електрична се постигнало поголема топлинска.Ама да произведеш повише одколку што ке повлечеш уште немам видено.
Е сега пошто ете ти си електроинженер нели?И ја сум електроинженер слободно немој да се осекаш неугодно и да се усручаваш туку дај распали со бројки и формули да видиме дали е така или негде нешто е испрвртено.И не мора со херцажи и децибелажи,може и со стручна терминологија слободно.Или ке биде ова перпетум парно или па патка парно ке видиме.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ако мислите да продолжите во тој правец темата ќе биде затворена! Без лични препукувања,бидејќи некој ке биде сигурно баниран.Ако имате нешто стручно да образложите да чуеме,а ако некој мисли некого да деградира ,е тоа веќе нема да може ,па мој совет е да се воздржите и помислите што ќе постирате!

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
сигурно постои разлика од класично загревање на вода па и да е со регулација со тријак (како се доближува до подесената температура се намалува снагата на греење).
За домаќинство скапа струја е од 07:00 до 22:00 час, а евтина е само ноќе, порано постоеше средна вредност,, но сега тоа се изгуби со новите електронски броила и загревањето на станевите е неисплатливо со ел. енергија, освен ако станот не е заштитен со излолација, слушнав дека во Германија испод 16цм стиропор не смее да се гради објект, енергетска ефикасност на секој објект.

Од пракса ме интересира потрошувачката на овој систем за еден стан од 60-70м2?
во споредба со стандарден котел од 18-36kW

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Ги читам мислењава и неможам да се начудам. Каква поголема ефиксаност може да има еден грејач од друг грејач? Мислам ...глупости ...без никаква навреда. Знам  дека секогаш е полесно да критикуваш нешто што некој го направил отколку да направиш нешто ново, ама и за тоа има лек. Дали грејачов е испитан во некоја валидна лабораторија и дали има документ од таа лабораторија во кој се вели дека навистина има поголема ефикасност од регуларен - обичен грејач? Има ли? Мислам ...дај немој ...би ги нарекол пасивни реклами.

Offline kanosistemi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 8
Одг: Супер хипер греач РУСКА ПОДМОРНИЦА
« Reply #51 on 30.01.2014, Thursday, 11:12:47 (Edited 30.01.2014, Thursday, 11:38:48) »
Ги читам мислењава и неможам да се начудам. Каква поголема ефиксаност може да има еден грејач од друг грејач? Мислам ...глупости ...без никаква навреда. Знам  дека секогаш е полесно да критикуваш нешто што некој го направил отколку да направиш нешто ново, ама и за тоа има лек. Дали грејачов е испитан во некоја валидна лабораторија и дали има документ од таа лабораторија во кој се вели дека навистина има поголема ефикасност од регуларен - обичен грејач? Има ли? Мислам ...дај немој ...би ги нарекол пасивни реклами.
ај ке почнам од последниот пост па нагоре, а бидејки немам многу време па ке бидам краток.

друже. ова не е греач. поинаков концепт на загревање е ова. но дефинитивно не е греач. греашот поинаку работи. инаку што се однесува до документи се чека од америка да стигнат, оставено на тестирање. и јас со душа ги чекам за да распалам со сертификати. и не само тоа, идеите се поголеми. ке отворам претставништва во сите поголеми градови во државава а и надвор од нејзе, со свои претставници и луѓе обучени и сертифицирани од нас... но за тоа друг пат, темава не е за тоа.

Споено мислење: [time]30 Јануари 2014, 11:16:43[/time]
Го погледав профилот на фејсбук, но еве пак не ми е јасно. Значи имате инсталирано ваш систем на греење од 12 kW каде што претходно имало котле на струја од 36 kW.
Значи сакаш да кажеш дека 24 kW топлина во претходниот случај одела во ветер ??
Со таа енергија би се грееле уште две куќи со по 12 kW или 6 термо печки од по 4 киловати, а според тебе во случајот со греење директно на струја таа енергија исчезнува ?

не исчезнува. основни правила од физиката кои се учат уште во средно училиште мислам.
енергија неможе да се уништи или да исчезне. може само да го смени својот облик. електричните котли (како и сите котли) имаат првенствено намена да потрошат енергија некоја (во случајов струја) да се добие топлинска енергија и да загреат вода. електричниот котел тоа гоправи со загуба на топлинската енергија која дел иде во воздухот околу него, дел се троши во механичка енергија (вибрации) и дел се троши во совладување на отпор а притоа создавање на гасови.

Споено мислење: [time]30 Јануари 2014, 11:28:33[/time]
Ептен ја заплетка друже канонсистеми
За да добиеш топлинска искористуваш електрична нели?Во вашиов случај ако добро разбрав вие инсталирате котле кое работи на некој т.н. флуид или што и да е и дека тоа котле ја пренесува топлинската енергија поефикасно или па произведува поише топлинска на литар течност??Би разбрал доколку да речеме течноста со која го полните котлето врие на 30 степена.Тогаш можда би разбрал дека со помалку електрична се постигнало поголема топлинска.Ама да произведеш повише одколку што ке повлечеш уште немам видено.
Е сега пошто ете ти си електроинженер нели?И ја сум електроинженер слободно немој да се осекаш неугодно и да се усручаваш туку дај распали со бројки и формули да видиме дали е така или негде нешто е испрвртено.И не мора со херцажи и децибелажи,може и со стручна терминологија слободно.Или ке биде ова перпетум парно или па патка парно ке видиме.

во овој систем е употребена елкетро хемија. тоа не е исто што и гола електрика. со формули и равенки нема да распалам бидејки тоа се мои трудови кои не би ги делел со никого. многу работи како што реков и претходно нема да ги пишам, истот се случи и на кајгана форумот, каде што еден куп “стручњаци“ почнаа да се потсмеваат, па јас се повлеков. одпосле се испојавија доста членови кои постираа од кај нив дома монтирано (не ни знаев дека се тие тие луѓе) кои ја потврдија мојата теорија за заштеда.

 дај ми добра причина зашто нешто за кое сум потрошил време, нерви и пари за да добијам продукт од кој ке си го вадам лебот, да го презентирам бесплатно на јавен форум? дали можеби го посакувам ефектот да добијам конкуренција која ке печали, ке ме подкопува и ке се слади од моите напори (физички, ментани и финансиски). ов

понатака, ке се навратам на електро хемија. она што многу елкетричари (народски кажано) не го разбираат т.е. малку не им е јасно, ке го објаснам со мал банален пример:

што ке се случи ако во обична вода (да речеме 10 литри) ке ставите грутка жива негасена вар од 2 килограми?
за оние кои не знаат и не виделе одговорот е:

ке почне да ослободува пред се голема колична на гасови но она што мене ме интересира е дека водата ке се загрее на доста висока температура. значи сме добиле топлина во течност-вода а не сме потрошиле ниту еден единствен ват струја. тоа е хемиски процес. па така и со струја можеш да поттикнеш некој хемиски процес и тоа вертибилен т.е. повратен. направиш нешто, добиеш нешто за после неколку секунди да се врати во прво битна состојба.

и пред да ме нападнете прво убаво размислете што напишав. збориме за техника не збориме за научна фантастика нити за перпетуум мобиле.

извинете што немам многу време да дискутирам, сепак на форуов се зачленив само за да појаснам што е што бидејки тоа е дел од мојата професија а прочитав тука некои големи базични грешки напишани.

Споено мислење: [time]30 Јануари 2014, 11:36:50[/time]
Ако мислите да продолжите во тој правец темата ќе биде затворена! Без лични препукувања,бидејќи некој ке биде сигурно баниран.Ако имате нешто стручно да образложите да чуеме,а ако некој мисли некого да деградира ,е тоа веќе нема да може ,па мој совет е да се воздржите и помислите што ќе постирате!

тоа и јас го реков претходно.

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Значи, пази ваму. Имаш соба од 40 m2. За да ја затоплиш од 20 на 40 степени во неа ставаш грејач и трошиш 20 KWh енергија. После тоа, доаѓа овој kano грејач (или што ли е) и за да ја загрее истaта од 20 на 40 и троши пример 12KWh електрична енергија и при тоа не користи никаков дополнителен енергенс (негасената вар е енргенс друже како што е киселината во батериите) А бе ова ...едноставно не е точно. Ама ај ќе ги почекаме резултатите од Америка и ако не се од мек доналдс ќе им веруваме.

Offline TimElektronik

  • Нов член
  • *
  • Posts: 26
Ја мразам да го спуштам нивото и да дискутирам народски.Штом  не може да дискутираме стручно и да видам за што точно станува збор темата ја сметам за несериозна а дискусијата млатење празна слама......Не може сите да не сместуваш во тој ''куп'' стручњаци.Единствено образложение кое го слушам од почетокот на темава е тоа што вие некаде сте наместиле котел од 12 наместо тој од 32 .....Ај да бидеме сериозни малку.Примерот со вар не ми држи вода зашто процесот се случува еднаш и не е ОБНОВЛИВ.За да ослободиш дополнително количество на топлина ти треба дополнително  количество на вар или енергенс.

Викаш дека електричните котли првенствено биле наменети да потрошат струја за да произведат топлинска.
Што троши вашиот котел??
Втора работа е тоа што јас во никој случај не сакам да ти го земам лебот ни па да се богатам на твојот труд да подобро ископираш и усовршиш нечиј туг производ.Зашто туѓ??Зашто за овој систем имам учено уште пред 18 години и ти никако не можеш да го измислиш,можеш само да го подобриш,да го измениш начинот на кој работат изменувачите на топлина како би го избегнал стандардниот point to point и со тоа би се зголемила брзината на електроните кои се клучни за овој систем на загревање.
Значи не викам дека копираш туку само дека не си го измислил ти.
и така натака.Значи ако сакаш дискусија тука сме.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Господине Кано. Јас нема многу да дебатирам околу вашиот или туѓиот изум кој на пример вие се трудите да го усовршите. Прво јас не сум енергетичар и не мислам да се занимавам со тоа. Никој тука нема да ви го „земе изумот „ или да се „слади„ како што спомнавте од вашиот труд. Доколку навистина  сакате да успеете да направите нешто ново тогаш ви посакувам среќа. Баш сакам да видам патентиран македонски производ. Причината што пишувам сега е тоа што мислам дека вие се рекламирате. Не ми смета мене името каносистеми ама самото име по себе е реклама. Вие едноставно презентиравте нешто што не успеавте да ги убедите членовите на форумот кој според мене имаат можеби и повеќе знаење од вас. Да речеме дека ете успеавте да не убедите дека е така....што после? Ќе исчезнете и никогаш повеќе нема да се појавите на форумот. Такви ги имало многу. Ќе дојдат, ќе напишат нешто и ќе исчезнат. Господине Кано, овде не рекламираме производи од фирми. Овде презентираме наши мали проекти во областа на електрониката, електриката, радиотехниката.....и многу повеќе. Разликата меѓу нас и Вас е тоа што ние овде што ќе постираме несебично го споделуваме со другите, додека Вие рекламирате претпријатие и негови производи.
Hams do it! With Frequency

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
 Не ми одговоривте на прашањето!

А и доста е дискусија, многу успех во вашите потфати, и знај сите ќе споделиме од успехот  “made in Мacedonia“ ако тоа биде “хит“ од поширок размер на овие простори.
 ;)

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
не исчезнува. основни правила од физиката кои се учат уште во средно училиште мислам.
енергија неможе да се уништи или да исчезне. може само да го смени својот облик....


Хахха,.. во ред, ова не сум го знаел, првпат го слушам :-\. Понатаму веќе нема да дискутирам на темава.   :-X
Life is too short to remove USB safely ..

Offline kanosistemi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 8
Одг: Супер хипер греач РУСКА ПОДМОРНИЦА
« Reply #57 on 30.01.2014, Thursday, 20:28:13 (Edited 30.01.2014, Thursday, 20:32:19) »
нема ни јас очигледно. чим една дискусија се заснова на оштење со зборови ок тогаш. дојдов сосема случајно, понудив објаснување за грешките што ги кажувате, бев дочекан на нож, барем 5 луге напишаа дека не е точно тоа што го зборам односно малку поинаку кажано од тоа дека лажам...

немав идеја нити па знаење дека овој форум претставува за презентација на проекти меѓусебни кои имате желба да ги споделувате...  само напред, јас не припаѓам меѓу вас... не споделувам нешто на што сум потрошил илјадници евра.

и како трето, сега веке сум опоменат дека се рекламирам. таква намера немам, и немам потреба да се рекламирам поготово не на форум. незнам дали е модератор господинот, администратор или е само ОБИЧЕН член. ако е обичен член нема право да го прави тоа и би требало да биде јавно опемент. во секој случај он мене ме избрка од тука т.е. ја додаде последната капка. се осеќам непожелен бидејки добив контрирање од сите. балкански менталитет. чим видиш дека некој нешто добро му иде одма пљукај по него.

паметните членови (неколку) од форумов веке пратија до мене барање за соработка. а вие и понатаму плукајте и паметувајте.

поздрав до сите. може слободно и профилот да ми го избришете. се извинувам што ви се приклучив и ви додевав со мојата стручност и скоро 1,5 децениско искуство.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
немав идеја нити па знаење дека овој форум претставува за презентација на проекти меѓусебни кои имате желба да ги споделувате...  само напред, јас не припаѓам меѓу вас... не споделувам нешто на што сум потрошил илјадници евра.

Ова се вика "proprietary design" и сите знаеме дека тоа чини пари и време. Никој од нас нафта не пие. Ако не планираш да споделиш како си го направил тоа, како очекуваш членовите да ти поверуваат :)? На „лепи очи“ ;D?

и како трето, сега веке сум опоменат дека се рекламирам. таква намера немам, и немам потреба да се рекламирам поготово не на форум. незнам дали е модератор господинот, администратор или е само ОБИЧЕН член. ако е обичен член нема право да го прави тоа и би требало да биде јавно опемент.

Да не сметавме дека е во право, ќе го опоменевме ;).

паметните членови (неколку) од форумов веке пратија до мене барање за соработка. а вие и понатаму плукајте и паметувајте.

Целта си ја постигна ;). Се изрекламира и си доби муштерии и соработници ;). Колку се паметни, тоа времето ќе покаже. Мене лично ако ме прашуваш, сите овие системи што се „као демек“ економични, вакви такви... тоа е трошење на време и пари и во најдобар случај е привремено решение за еден многу поголем проблем, но да не навлегуваме во таа дискусија. Поентата ми е дека, штом наведуваш дека си добил барања за соработка, целта ти е постигната. Бесплатно рекламирање е многу добра работа, нели ;)?

Нема љутиш, тоа е тоа ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Па господине Каносистеми,ова се вика * дојдов,видов ,се разлутив*.Очигледно,соработката ,особено теоријата за соработка ,не се вклопува во фазонот на овој Форум.За чудо,ова проблематика не само да не ми е туѓа,ами сум видел на дело се што на ова тема  се смета за *пронајдок* и * унапредување* .И не само во МК ,ами малку и пошироко.Знам што работеле и Русите,Американците,ами и Канаѓани,Норвежани и  ред други мајстори на занаетот.Но во изминатите 20 години овој начин на искористување на енергијата не нашол позитивен одзив меѓу финансиерите,па сите проекти скоро пропаднале или застанале до некаде.Јас еднаш ти реков дека е ова Форум и секој има право на мислење.Ако не си спремен да споделуваш на што ,како велиш,си потрошил време и пари,тогаш не знам што очекуваш од нас??? Да те поддржиме,да финансираме ,да ја купиме идејата или помогнеме во реализацијата? Но,ете велиш имаш одреден бенефит што одреден дел * паметни* членови ќе соработувале со тебе. И тоа е во ред ,дозволено е приватно,настрана од Форумот секаков вид соработка - па со среќа нека ви е !!