Ги читам мислењава и неможам да се начудам. Каква поголема ефиксаност може да има еден грејач од друг грејач? Мислам ...глупости ...без никаква навреда. Знам дека секогаш е полесно да критикуваш нешто што некој го направил отколку да направиш нешто ново, ама и за тоа има лек. Дали грејачов е испитан во некоја валидна лабораторија и дали има документ од таа лабораторија во кој се вели дека навистина има поголема ефикасност од регуларен - обичен грејач? Има ли? Мислам ...дај немој ...би ги нарекол пасивни реклами.
ај ке почнам од последниот пост па нагоре, а бидејки немам многу време па ке бидам краток.
друже. ова не е греач. поинаков концепт на загревање е ова. но дефинитивно не е греач. греашот поинаку работи. инаку што се однесува до документи се чека од америка да стигнат, оставено на тестирање. и јас со душа ги чекам за да распалам со сертификати. и не само тоа, идеите се поголеми. ке отворам претставништва во сите поголеми градови во државава а и надвор од нејзе, со свои претставници и луѓе обучени и сертифицирани од нас... но за тоа друг пат, темава не е за тоа.
Споено мислење: [time]30 Јануари 2014, 11:16:43[/time]
Го погледав профилот на фејсбук, но еве пак не ми е јасно. Значи имате инсталирано ваш систем на греење од 12 kW каде што претходно имало котле на струја од 36 kW.
Значи сакаш да кажеш дека 24 kW топлина во претходниот случај одела во ветер ??
Со таа енергија би се грееле уште две куќи со по 12 kW или 6 термо печки од по 4 киловати, а според тебе во случајот со греење директно на струја таа енергија исчезнува ?
не исчезнува. основни правила од физиката кои се учат уште во средно училиште мислам.
енергија неможе да се уништи или да исчезне. може само да го смени својот облик. електричните котли (како и сите котли) имаат првенствено намена да потрошат енергија некоја (во случајов струја) да се добие топлинска енергија и да загреат вода. електричниот котел тоа гоправи со загуба на топлинската енергија која дел иде во воздухот околу него, дел се троши во механичка енергија (вибрации) и дел се троши во совладување на отпор а притоа создавање на гасови.
Споено мислење: [time]30 Јануари 2014, 11:28:33[/time]
Ептен ја заплетка друже канонсистеми
За да добиеш топлинска искористуваш електрична нели?Во вашиов случај ако добро разбрав вие инсталирате котле кое работи на некој т.н. флуид или што и да е и дека тоа котле ја пренесува топлинската енергија поефикасно или па произведува поише топлинска на литар течност??Би разбрал доколку да речеме течноста со која го полните котлето врие на 30 степена.Тогаш можда би разбрал дека со помалку електрична се постигнало поголема топлинска.Ама да произведеш повише одколку што ке повлечеш уште немам видено.
Е сега пошто ете ти си електроинженер нели?И ја сум електроинженер слободно немој да се осекаш неугодно и да се усручаваш туку дај распали со бројки и формули да видиме дали е така или негде нешто е испрвртено.И не мора со херцажи и децибелажи,може и со стручна терминологија слободно.Или ке биде ова перпетум парно или па патка парно ке видиме.
во овој систем е употребена елкетро хемија. тоа не е исто што и гола електрика. со формули и равенки нема да распалам бидејки тоа се мои трудови кои не би ги делел со никого. многу работи како што реков и претходно нема да ги пишам, истот се случи и на кајгана форумот, каде што еден куп “стручњаци“ почнаа да се потсмеваат, па јас се повлеков. одпосле се испојавија доста членови кои постираа од кај нив дома монтирано (не ни знаев дека се тие тие луѓе) кои ја потврдија мојата теорија за заштеда.
дај ми добра причина зашто нешто за кое сум потрошил време, нерви и пари за да добијам продукт од кој ке си го вадам лебот, да го презентирам бесплатно на јавен форум? дали можеби го посакувам ефектот да добијам конкуренција која ке печали, ке ме подкопува и ке се слади од моите напори (физички, ментани и финансиски). ов
понатака, ке се навратам на електро хемија. она што многу елкетричари (народски кажано) не го разбираат т.е. малку не им е јасно, ке го објаснам со мал банален пример:
што ке се случи ако во обична вода (да речеме 10 литри) ке ставите грутка жива негасена вар од 2 килограми?
за оние кои не знаат и не виделе одговорот е:
ке почне да ослободува пред се голема колична на гасови но она што мене ме интересира е дека водата ке се загрее на доста висока температура. значи сме добиле топлина во течност-вода а не сме потрошиле ниту еден единствен ват струја. тоа е хемиски процес. па така и со струја можеш да поттикнеш некој хемиски процес и тоа вертибилен т.е. повратен. направиш нешто, добиеш нешто за после неколку секунди да се врати во прво битна состојба.
и пред да ме нападнете прво убаво размислете што напишав. збориме за техника не збориме за научна фантастика нити за перпетуум мобиле.
извинете што немам многу време да дискутирам, сепак на форуов се зачленив само за да појаснам што е што бидејки тоа е дел од мојата професија а прочитав тука некои големи базични грешки напишани.
Споено мислење: [time]30 Јануари 2014, 11:36:50[/time]
Ако мислите да продолжите во тој правец темата ќе биде затворена! Без лични препукувања,бидејќи некој ке биде сигурно баниран.Ако имате нешто стручно да образложите да чуеме,а ако некој мисли некого да деградира ,е тоа веќе нема да може ,па мој совет е да се воздржите и помислите што ќе постирате!
тоа и јас го реков претходно.