Од неодамна во Скопје функционираат 2 дигитални радиоаматерски репетитори по стандардот DMR во UHF подрачјето на кои има неколкумина активни радиоаматери, па сега се поставува прашањето, дали да се инвестира во дигитална радио станица ? На вакво прашање јас би дал одговор во врста на споредба на предности и маани кај дигиталните и аналогните радио комуникации
Аналогни радио комуникацииПредности:
- Реален природен глас (квалитетен глас)
- Релативна разбирливост при слаб сигнал
- Компактибилен стандард со сите аналогни радиоаматерски репетитори
- Дуал банд, три банд станици
- Голема брзина на воспоставување на врска
- Евтини станици
- Со една радио станица сте завршиле работа
Маани:
- Шум при слаб сигнал
DMR Дигитални радио комуникацииПредности:
- Текст (Дополнителни екстра можности како праќање текст пораки, испишување на User ID на екранот и сл.)
- Има 2 слота односно еден канал од 12,5KHz е поделен на 2 канали по 6,25KHz и може во еден момент двајца да емитуваат на двата слота.
Маани:
- Глас со слаб квалитет (ефект на вештачки глас)
- Подолго време при воспоставување на радио врската (релацијата)
- При слаб сигнал има изобличување на гласот и тотална неразбирливост
- При уште послаб сигнал нема декодирање на сигналот а со тоа нема комуникација
- Има многу дигитални стандарди некомпактибилни еден со друг
- DMR радио станиците се монобанд (ако има репетитори на 145MHz и 433MHz банд ке ви треба 2 радио станици за секој банд по една)
- Скапи радио станици
- Према некои најави доколку се имплементираат и уште два стандарди (на ICOM и Yaesu) и се поставуваат DMR репетитори на 145МHz ке ви требаат 4 радио станици за да може да комуницирате преку дигиталните репетитори. Ако се монтираат репетитори и од другите останати дигитални стандарди ке ви требаат повеке радио станици кои претставуваат дополнителен финансиски трошок и носење на повеке од една станица со себе.
Овој текст е мое лично гледиште засновано преку тестирање на радио станици од DMR стандардот кој е лидер во дигиталните радио комуникации и од друга страна класични аналогни радио станци.
Забрането е копирање и споделување на статијата или делови од статијата без одобрение на администрацијата на elektronika-mk.net.