Никола, нашите радиоаматерски фрекфенции се од 144-146 MHz и 432-438MHz...
Во фрекфенцискиот опсег 144-146 MHz или како уште се вика " на 2 метари" со фонија на ФМ (емисијаF3E) може да се користат само подопсезите:
144.500-144.845 со максимални 50 вати за P класа. Овој подопсег како и тие под него обично се користи за натпревари, DX-еви т.е подалечна комуникација. Радиоаматерите не ги користат на локално ниво, заради причина да не би се стварале пречки на натпреварувачи или слично.
145.000-145.1875 со максимални 10 вати за P класа и
исклучиво за работа на репетитор. Тука каналите се поделени од RV0 од RV15 со 12,5 kHz растојание меѓу каналите. Ова одговара на R0;R0X;R1;R1X и така до R7X. Овие фрекфенции се всушност приемните фрекфенции на репетиторите, а ние емитуваме на овие фрекфенции со нашите радио станици.
145.200-145.5875 со максимални 10 вати за P класа. Овде се симплекс каналите од V-16 до V-47. Растојанието меѓу каналите е 12,5 kHz. Тука се QSO-ата на локално ниво.
145.600-145.7875 исклучиво за
прием. Овие фрекфенции (канали) се предавателните канали на репетиторите, кои ние ги слушаме со нашите радио станици. Тука не смее да се оди на трансмисија, за да не би се прекривал (газел) сигналот на репетиторот.
@nikolaw ова го пишав, за да ти знаеш попрецизно каде да слушаш на два метра. Значи би требало радиоаматери да чуеш во подопсезите 145.200-145.5875 (симплекс) и 145.600-145.7875 (репетитор).