@MilerovEfekt
Да се надоврзам, значи како што кажав кога ќе падне напонот под одредена вредност станицата не предава иако има напон во неа. Напонот на полна батерија (има два типа) е 7,5 волти, а на другиот тип е 7,2 волти. Искрено не знам колку треба да падне напонот на станицата за да престане да предава, но во ниеден случај тоа не би биле 4 волти. Не би можела да предава станицата со 4 волти со намалема излезна моќност. Со 4 волти станицата е мртва, нема предаја а и сумњам дека со 4 волти би имало и прием. Така што не верувам баш дека излезниот степен е врзан директно за батеријата, а и да е врзан, со 4 волти не би се побудиле излезните транзистори.
За моторола GP300 не се сомневам воопшто, иако е стара станица, тоа е најдобрата станица што Motorola воопшто ја има произведено. Тука нивните инжинери добро се испотиле да направат квалитет за полициски и воени потреби. Изработена е од висококвалитетен полимер и е по military standard.