матичната е отидена 100%,од што може да ги прави тиа глупости да грее чипсетот до степен да неможе да се чепне со рака??? од напојувањето, тоа е од матичната дотрајала
Не мора да значи, се случува chipset-ови да греат и поради старост, претпоставувам дека BGA контактите им се малку „разлабавени“, па поради тоа почнуваат да греат (обично се случува на матични плочи со onboard AGP, најчесто Intel-ов), но тоа може да се среди со едно кулерче на chipset-от
.
Кога ке набавам ново напојување ќе пробам Има уште нешто.. напојувањето е исклучено од струја, го приклучувам на матичната и на нард дискот, го приклучувам во струја и без да го стиснам копчето за да се вклучи комп. самиот се вклучува..
Штом вака реагира матичната, би требало да е исправанa
. Значи дека работат подесувањата во BIOS-от
. Пробај со друго напојување, би требало да проработи
. Ако проработи, оди во Hardware Monitor опцијата во BIOS-от, напонот од 3.3V дали е ОК, смее да е паднат до кај 3.1V максимум, но не смее да биде подолу од тоа
. Исто, напонот од 5V не треба да има помала вредност од 4.7V и напонот од 12V не треба да биде понизок од 11.5V.