го знам ова од порано....
нормално дека за следење е потребно GPS на телефонот но и GPRS/3G поврзаност и соодветен софтвер на двете страни.
Можат и поинаку да следат било кој GSM телефон, немора ни GPS, ни 3G, едноставно во градска средина секој телефон е во домет на неколку базни станици, со мерење на времето потребно за сигналот од секоја од нив да дојде до телефонот може прилично точно (во круг од 50 метра) да се одреди локацијата на телефонот. Ова се вика трилатерација.
Ова време го мери секоја базна станица бидејќи тоа е потребно да се знае, за да се одвива GSM комуникацијата без проблем, едноставно таков е GSM протоколот.
Овој трик не работи ако телефонот е во домет на помалку од три базни станици, ова обично се случува во рурални области со послаба покриеност, додека во градовите колку повеќе базни станици се во домет толку е попрецизно лоцирањето.