van, среди си ги сликите, вакви слики што се од привремен карактер и што не содржат нешто битно закачи ги на некој хост сајт за слики (imageshack, photobucket...) и стави линк до нив, не ги ставај директно на форум пошто местото е ограничено.
Околу лепаците, за полиуретански не знам конкретно дали има кај нас и какви се, ама може да ти го препорачам Bison како бренд, доста ги користам нивните епоксиди и одлични се, најмногу го користам универзалниот двокомпонентен епоксид (24 часовниот) за лепење дрво и тоа доста оптеретено (лакови, самострели...), досега не се десило да ми попушти спој, едина маана му е цената од скоро 5 евра пакување. На времето за проба имав залепено две дасчиња, неколку сантима преклопени, ги удирав со чекан, се искрши едната од нив околу лепакот, спојот не попушти. Иначе сите епоксиди се gap filling, значи ги пополнуваат сите празнини и неправилности помеѓу деловите што се лепат.