Ајде малку повеке помогни ми околу транзисторот.Шема неможам да најдам никако................
Треба да го скршиш куќиштето од озгора (не целото, само горниот дел) и ќе вдиш нешто слично како на овие линкови:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5079.0
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5895.0
Тие големите четири компоненти на сликите се излезните транзистори. Прво, треба да откриеш кои се изгорени. Тоа лесно ќе го направиш со одлемување на контактите со кои се врзани за остатокот од колото (можно е и само да се скинати контактите, во тој случај, пробај да ги преспоиш со жица со иста дебелина со која биле врзани, врати го назад во колото, ако пишти го засилувачот, ако проработи, се е ОК, ако пак изгорат лицните, значи некои од излезните транзистори се изгорени, или евентуално има некој друг проблем во колото). Одкако ќе ги одлемиш лицните, провери кои транзистори се исправни а кои се неисправни, ова лесно можеш да го провериш со унимер ставен да мери на подрачје за испитување на диоди. Со истото мерење можеш да установиш кои од излезните транзистори се исправни (а кои не) и кој им е распоредот на пиновите (емитер, база, колектор), како и дали се NPN или PNP. Ако не знаеш како се мери транзистор со унимер, види во секцијата „Туториали“, таму има серијал со туторали „Вовед во електроника“, во некој од нив видов дека има објаснето како се испитува транзистор со унимер. Одкако ќе ги установиш сите претходни параметри, селдува замена на неисправните транзистори. На пример, ако засилувачот бил 2 X 30W или 2 X 35W, адекватна замена за NPN излезен транзистор би била BD139, ако е PNP транзисторот, адекватна замена би му била BD140. Ги поврзуваш со остатокот од колото на ист начин како што биле претходно врзани другите излезни транзистори, врз база на datasheet од транзисторот, гледаш кој пин е емитер, кој база, а кој колектор, и врз база на извршените мерења што претходно ги имаш направено, ги врзуваш емитер-емитер, база-база, колектор-колектор. Притоа, одлемуваш барем два пина од прегорените излезни транзистори (по можност и три, ако дизјнот на колото го дозволува тоа) за да не може да влијае прегорениот транзистор врз исправните. Го склопуваш сето тоа, додадените транзистрои ги монтираш на исто ладилно тело со остатокот од интегрираното коло и се молиш кога ќе го приклучиш да работи
.