Симнуваш прашањата и се спремаш по нив (во прашањата е даден и одговорот)
земав да ги разгледам прашањата за А-класа и останав вџашен
кога во дадените одговори најдов грешки.
Прв пример
прашање од МАКЕДОНСКИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ ПРОЦЕДУРИ И ПРАВИЛА ЗА РАБОТА под реден број
19. Koe e значењето на кратенката “PA”?
а) апаратура;
б) излезен степен;
в) фазна модулација;
г) ВФ засилувач.
дадениот одговор е (в), арно ама, во книгата "Радио прирачник за аматери и техничари" од др Божо Метцгер, кратенката PA значи означува "
излезен степен" и истото значење го сретнав и во скрипта за радио аматери "Основи на радиоаматеризмот". И двата извора се хрватски.
Втор пример
прашање од MАКЕДОНСКА И МЕЃУНАРОДНА РЕГУЛАТИВА РЕЛЕВАНТНА ЗА АМАТЕРСКА И АМАТЕРСКА САТЕЛИТСКА СЛУЖБА под реден број
19. Кои фреквенции од подрачјето 28 МHz можат да се користат за ФМ репетитори?
а) 28,560-28,590 и 28,660-28,690 MHz;
б) 28,520-29,590 и 29,610-29,650 MHz;
в) 29,560-29,590 и 29,660-29,690 MHz;
г) на тој опсег не е дозволено користење на ФМ ретранслатори.
дадениот одговор е (в) и тука арно ама, според Правилникот за користење на радиофрекфенции вo аматерска служба од 02.05.2008 во Член 13 став(1) вика :
"Аматерските репетиторски станици може да работат само на определени фреквенции во фреквенциските подопсези: 145.000-145.7875 МHz; 433.000-434.825 МHz и 1291.000-1297.475 МHz."
има и други одговори кои не ми се совпаѓаат со литература, па ме интересира што е финтава?
дали е намерно ова вака оставено за да мора новите радио оператори малку да се помачат и да пролистаат некаква литература а за де не би бил ептен лесен испитот во смисол набубај ги на памет одговорите, или грешките се ненамерно направени од некој неписмен дактилограф