http://cxem.net/house/1-50.php
Значи написот за оваа шема вели дека ја стартува флуоросцентната ламба веднаш, без трепкање.
Дали оваа шема би ја стартувала флуоросцентната ламба? Изгледа премногу едноставно за да работи, дури и поедноставно од кинески електронски баласт. И кој би бил векот на траење на оваа шема, а и на ламбата која би ја напојувал?
Имам лоши искуства со кинески баласт, ги гореше ламбите за 4, 5 месеци, а потоа изгоре и самиот баласт кој го користев околу 7 месеци. Ламбата се користеше во просторија каде постојано се вклучуваше и исклучуваше.
Затоа е опција да направам нешто што ќе ме служи, како погорната шема. Ќе ве молам без непотребни сугестии од типот: зошто не користиш едноставно магнетен баласт?