ова интересно ми изгледа, баш сакам да ги прбам сите начини но ке ми треба и твоја помош оти немам претстава како би го извел тоа. За ќутење НИ НА СОН. Ке им ја откриеме тајната на тие што продаваат буби за 300 денари а гарант реалната цена на тие делови не е ни 50 ден.
Размислував за сите 3 варијанти и мислам дека со првата варијанта со термо отпорникот се стабилизира фрекфенцијата која би била изместена од промена на температурата но пак со мрдање на антената пак фрекфенцијата би се изместила, со мрдање на аудио и напокувачките кабли пак ке се измести. Најважно е што со мрдање на антената ке се измести фрекфенцијата.
Втора варијанта со FLL ме заинтересира, и мислам дека и со промена на температура, промена на волтажа, мрдање на антената, преместување на аудио и струјните кабли фрекфенцијата ке остане иста, дали добро те разбрав?
Имаш некоја испитана шема за FLL (Frequency Locked Loop)? Баш ме интересира што е ова и дали е толку ефикасно како PLL.
Третата варијанта нели ја има во PLL верониката, тамо мислам дека се користи кристал од 6,2 или 6,4MHz и мислам дека тој е множител на фрекфенција, или пак служи за друго?