Дечки може некој знае имав нешто проблеми со струјата дома(поточно кабелот од нулата скроз лабав во таблата со осигурачи) и притоа повеќе електронски работи дома се расипаа. Се средив(претежно беа кондензатори и осигурачи отидени) освен ова сараундчето што го имам во соба. Со него се случува следното:
Му носам сигнал до него и излез ми дава само на центарот и на сабвуферот, другите звучници воопшто не свират. Истово се случува и во 5.1 и во стерео варијанта. Претпоставувам отидено е некое од појачалцата за другиве звучници?
Еве слики од плочките во него:
плочката од каде се излезите за звучниците:
плочка каде што се донесуваат сигналите:
Јас до сега измерив само волтажите кои се обележани на плочката и сите се ОК.