Во чест на нашиот мил и драг поранешен Администратор Игор Караманов или попознат под никот nCounTr, кој неодамна почина после долга борба со болеста, сакаме Ние од Администрацијата на Македонскиот Форум за Електроника да му оддадеме почит со тоа што ја пишуваме оваа статија.
Игор или попознат во Македонската интернет мрежа како nCaunTr, беше еден од администраторите на стариот македонски форум за електроника како и еден од администраторите на овај нов преуреден форум за електроника. Дел од заслугата за овај форум да постое е и негова.
Голем ентузијаст за електроника, иако имаше завршено енергетика, електрониката беше негова љубов.
Интересните идеи кои ги имаше секогаш наоѓаа време за дискусија на форумите, исто така тие наоѓаа и практична примена... Со Игор не спојуваше идеата за поубав и поголем форум за електроника (ова далечната 2009 година кога се решаваше за префрлање на нов хост), кон средината на септември 2009, Игор покрена локален фри хост каде што инсталиравме пробни скрипти за форуми, меѓу кои и оваа моменталната која сега ја користиме со оваа тема, испробувавме различни варијанти и можности како и опции кој ќе ги поседува финалната верзија на форумот...
Игор е роден на 13 Април 1986год. во Радовиш, студираше Скопје во св. Кирил и Методиј универзитетот, заврши и дипломира енергетика.
Игор од интернет сцената се повлече почетокот на летото минатата година поради здравствени причини, на форумов идеше негде до крајот на ноември и после тоа практично исчезна.
Боледуваше од леукемија и неговата смртт дојде ненадејно.
Со овај пост сакаме ние од Администрацијата, да ги потсетиме сите членови, негови пријатели и сонародници, како и Македонската јавност, дека и по смртта, Игор Караманов е сеуште со нас со неговите идеи и дела.
Нека почива во мир, во прилог има слика од него.