Исто како и лани и оваа година ќе се случи НСНД (Ništa se neće dogoditi) настан во Штип. НСНД е настан каде што се собираат луѓе од ИТ сферата и се случуваат работилници и предавања во областите поврзани со слободниот софтвер / слободната култура.
Оваа година НСНД настанот ќе се случи во просториите на факултетот за информатика во Штип, на 2 и 3-ти Април (првата недела т.е. идната).
Настанот ќе се одвива од 12 до 17-18 часот.
Настанот (како и секој друг НСНД настан) е отворен и препорачан за секого. Доколку сте од друг град и сакате да присуствувате на настанот може да се приклучите на листата на Слободен Софтвер Македонија, па да договориме смештај.
Доколку сте од скопје, истотака може да пишете да се организираме за превоз (веројатно - 99% ќе се оди со коли).
Се гледаме таму !
ПС: Листата е : http://lists.softver.org.mk/mailman/listinfo/ossm-members