ОК! Гледам дека сте заинтересирани да помогнете,но Ве уверувам дека детево го ставивме во колосек.Сепак,да не бидам погрешно сватен, јас не би Ве искористувал сите Вас за една ваква работа.Парична помош во моментов не е неопходна(макар секоја пара е добродојдена),но сметка за Иван не постои и ако би ја отвориле се наметнуваат прашања околу користењето.Секоја Банка каде би се отворила сметка би барала(обично!) медицински извештај,па од Социјални работи,па дозвола од родител.... Тоа е процедура! Ако би одела преку друг вид сметка,би се платил персонален данок,трошкови,провизии..
Мислам дека ако треба некаква помош јас ке испратам накнадно апел па тогаш ке видиме што ке правиме.Апел би бил доколку пример нешто се прави,да помогнете со делови,да донирате некои алати кои ви се непотребни... Во тоа би ја гледал помошта од Форумов! Иначе Иван е збунет од интересот за него ,дури се чуди * не ме познаваат... а види што пишуваат!*.Не знам што да Ви речам и мене ме збунивте! Гледам дека сакате да помогнете,ама јас би одел со една општа акција ( не само за Иван!) за собирање на непотребни делови,материјал,книги,кој колку може.Затоа ,од понеделник ке испратам до Гига Ват ( со него контактирам!) кеса две делови: делови од АТХ,кулери,ладилници за ПК.555-ки,печатени плочки за тајмери,отпорници,блокови,феритни прстени,базери и некои други ситници... за почеток!Од Вас барам дискусија за критериумот и начинот на распределба.
И на крај,да напоменам дека Иван ке биде заштитен и спонзориран од ТРЕНД -Компјутери ,а за останатото ке се договараме на Форумов.