Јас напишав пред малку ,само во друг пост за Иван.Годинава е ОК со школото,одличен ке биде(без протекција),а мајка му доби работа во БРАКО.Сега веке полесно се снаоѓаат.Ние сите се грижиме за него,да не сврти некаде,во тие години е.Јас имам керка само, други теми ја интересураат, и веројатно занаетот тој ке го *пече* кај мене.Пред ден-два доби патики и џуксер од ТРЕНД,за помошта што ни ја дава ,кога може.Упорно растура стари напојувања,матични,други плочи и носи делови за Секцијата на НТ.Горинава ке биде *главен* за внесување на податоците во Билтенот на НТ на Регионалните натпревари во април. Значи.детето е ок,мислам дека и вие не *вртите* баш премногу *материјал* и јас би се заблагодарил за идејата и би ве пофалил сите од Форумов.Неговата мајка ,верувајте, е многу горда жена и не верувам да прифати такво нешто.Сепак,ке пренесам ,благодарам за идеата,ама цел тим стоиме веќе зад него и камо да има уште некое дете како него,ке го гледаме како свое.Фала им и на колегите,никогаш не прават проблем кога е тој во прашање.Кога им беше наутешко.Иван заспиваше на стол во сервисот ,јадеше со нас и не можевме да го истераме да си оди дома.Сега е веке поинаку,се средија и веке Иван оди напред!