Име социјал-вмровска демократија на електрична македонија
Meне не ми се допаѓа ни социјал ни демократска, зошто? Демократијата води кон анархија, а вистинска демократија не постои ниту во државите кои важат за најдемократски како САД или каде се родила демократијата (грција), Едино Македонија од 1991 па се до неколку години после тоа, имаше демократија која беше на едно високо ниво. Како одминуваше времето се носеа разни закони кои дефинитивно не се демократски туку се нарачани од одредени групации (бандити) кои се нарекуваат невладини организации. Не сите, но некои и тоа како. Друго нешто зборот социјал се злоупотребува од нашиве партии и поради тоа дел од лугето кога ке чујат социјал ке речат бегај... Мислам дека најдобро би било да смислиме друго име, како на пример Македонска Партија на Електроничари
П.С. Не знам дали сте го знаеле ова, кога ке се спомне зборот комунизам во америка, им се крева косата на луѓето исто како да сте спомнале нешто ужасно од типот да јадеш живи гасеници. Всушност правиот комунизам никаде во светот нема профункционирано а истиот доколку би функционирал во права смисла верувајте дека тоа може да е и најдобриот систем. Едино во Југославија до негде може да се рече дека функционирал тој систем и дел од членовите гарант знаат дека во тоа време имаше пари за јадење за секого, секој можеше да иде на одмор на море, секој можеше да легне на клупа во парк без да се плаши дека некој ке му направи нешто лошо, убиствата, грабежите и криминалот беа на минимално ниво. Животот беше поедноставен и помирен. Сево ова што го пишав, е мое мислење.
Иначе јас не сум ни прокомунист ниту приврзаник на другите системи на владеење, јас ако би владеел знам како треба