Абе,ретко да видам добро лемење! И на државните натпревари има смешни ситуации: врвот не чини,просто не прима калај,а дечково зема паста за го чисти и работи со калај во шипка!! Да не веруваш!!А од Скопје беше.И ми носи домашен труд -допирна склопка со 4011 направена на профи плочка со зелен стоп лак и ме уверува дека тој ја правел.Кога почнав да го распрашувам неговиот ментор ми замери,сум го гњавел ,а не знаеше дека 0,7 мм бургија постои,а пола плочка со неа е бушена!
И правеа притисок прв да бил!! Е, оставив двајца натпреварувачи пред публика и почнав,да видат сите кој повеке знае .За 15 мин. оној со 4011 пукна,не знаеше да каже која функција го има колото 4011 !
Со неговиот ментор до ден денес не се трпиме,бидејки,како се изрази - многу пропуштил таа година..!?
Веројатно мисли на некој поклон што требало да го добие за прво место!! Затоа,се помалку сакам да бидам во Комисија за оценување,само нервози носи.