Засилувач за 50/60 Hz е пронајдок на годината во МакедонијаВладимир Филевски со изумот засилувач за 50/60 Hz на електрични аудиосигнали наменет за нискотонски звучници, е прогласен за патент на годината во Македонија.
Церемонијата на прогласување на „Патент на годината 2010“, се одржа денеска во Скопје, во организација на Државниот завод за индустриска сопственост.
Засилувачот за 50/60 Hz работи во класата Б и има конструкција на излезниот степен на засилувачот на моќност иста како и секој класичен засилувач, но се разликува во напојувачката секција на засилувачот, бидејќи не е потребен еднонасочен напон на напојување, туку синусоиден, односно директно мрежен напон.
Доколку овој пронајдок би се користел во оние земји во кои се користи понизок напон на мрежно напојување и ако се користат транзистори кои може да го издржат тој мрежен напон и притоа да дадат доволно струја, тогаш не е потребен ниту мрежен трансформатор, што драстично ја намалува цената на целиот засилувач.
„Добивањето на оваа награда за мене претставува голем предизвик за да продолжам во истражувањето и иновативноста“, изјави Филевски.
Во најтесен избор за пронајдок на годината влегоа и пронајдувачите Андреј Тасев со изумот „Едносмерен хидрауличен телескопски амортизер“, Кочо Мојсов со пронајдокот „Држач за запалки со можност за закачување на кутија од цигари“, Димитар Рибески со пронајдокот „Дренажна преграда“ и Звонко Кузмановски со изумот „Двотактен дизел мотор со продолжена експанзија“
На денешната манифестација им беше оддадено признание и на македонските пронаоѓачи, кои што во 2010 година биле наградени во странство.
Директорот на Заводот за индустриска сопственост Сафет Емрули информираше за активностите што оваа државна институција ги имала во 2011 година, најавувајќи дека стратегијата за интелектуална сопственост треба да биде реализирани до крајот на 2011 година.
„Државниот завод за индустриска сопственост има капацитет и е подготвен заедно со другите органи на државната управа да го преземе товарот на иницијатива и реализација на овој приоритет“, изјави Емрули.
Тој информираше дека меѓу приоритетите ќе бидат дадени на зајакнување на развојната компонента на индустриската сопственост и зајакнување на релациите бизнис заедница-држава-универзитет.
Изворот е наведен во први пост