Конечно, издизајнирано, направено, тестирано.
Што е идеата: Најголем проблем со изработката на засилувач со ламба се се разбира трансформаторите кои мора да се мотани баш за наведениот дизајн и тоа е скоро невозможно да го изведе хобист поради недостаток на јадра. Идеата беше да се употребат трансформатори кои можат да се купат во продавница. Значи требаше да се направи коло во зависност од трансформаторите а не трансформатори во зависност од колото
Типот на трансформаторите, напоните и снагата е напишана во шемата и за најдобар звук држете се до тие вредности. И овде целта не беше којзнае колкава снага туку да се долови познатиот лампашки звук.
Уживајте:
Забелешки: Варисторот од 10 Оми ја ограничува стартната струја на греење и придонесува за подолг век на ламбата ама ако немате немора да го вградите. Исто така калемот од 0.5H се вградува за да имате помалку брум и ако немате немора да го вградите. Иначе најдобар извор на јадро за мотање на тој калем е од стара матична плоча или компјутерско напојување и има форма на торус (крофна). Ву-метарот заедно со придружните елементи не мора да се вградува ако не сакате. Проблем може да ви биде да најдете подножје за ламбата. Решение е да извадите од стар телевизор или радио ама јас сакав нов и пронајдов подножје за екран кое точно одговараше на ламбата, мислам дека може да се најде такво ново во продавниците
Најдобри резултати (најголемо појачување) добив со ламбата ЕL 84 или во телевизорите е PL 84 (истата ламба а друг напон на греење има). Со ова се добива максимум 2W, можеби малку но тоа ти е А класа, малку звук ама убав. Е, сега ако сака некој поголема снага со една ламба може да проба да стави појаки трансформатори, да шибне PL 36, ќе добие 5-6W или можеби ако е полуд да стави PL 509 (10W) или PL 519 (12W) и да добие појако појачало хехе... Ама нека има во предвид за PL 519 ќе му требаат 2 трафа од по 100W и едно од 10W
EL 84 може да се купи во продавници за музичка опрема (се користи за гитарски засилувачи) ама таму е скапа (околу 10-15 еур) и друго решение е ламбата да се извади од старо радио со лампи или од стар телевизор со лампи (во телевизорите беше PL 84 што е слично, само напонот на греење на EL 84 e 6V а на PL 84 е 12V со што значи треба во зависност од ламбата да се сменат и трансформаторите од 12 волтни на 6 волтни и обратно.
Звукот: Бидејќи имам квалитетна опрема за да споредам (Rotel, B&W) можам да кажам дека кај засилувачите со лампи (со трансформаторски излез) звукот многу зависи од трансформаторот и звучникот. Појачалото е пробано со Mission звучник од 8 оми / 25W и можам да кажам дека со употребените трансформатори е очигледно благо намалување на највисоките тонови (над 14KHz) и благо опаѓање на басот под 50Hz. Со ова и со релативно независната излезна карактеристика се добива карактеристичната мекост на звукот на лампашките засилувачи. Мислам дека звукот е очигледно дека не е прецизен како кај транзисторските засилувачи ама севкупно звукот е во најмала рака интересен и вреди да се слушни. Сепак, ако некој сака појака репродукција тогаш му треба нешто друго, ама за нормално слушање музика (доволно за нормално слушање во дневна соба) 2 вакви засилувачи и ефикасно звучници ќе бидат баш атракција за око и за уво.