Термопаровите најчесто се користат за мерење на високи температури - во индустријата - односно таму каде што не можат да се користат силициумски сензори. Станува збор за температури до 1000 и повеќе степени.
Се состојат од проводници од 2 метали кои на едната страна се споени помеѓу себе - тоа е т.н. топла страна (тука мерат температура) а останатите два краја се поврзани на инструментот - тоа е ладна страна и тука исто така има спој метал - бакар поради бакарните водови и клеми (најчесто).
Термопарот (или сонда, како што ја викаат мајсторите
) генерира напон кој е зависен од температурата и тоа од редот на десетици микроволти по степен. Овде е најбитно тоа што напонот генериран од термопарот не зависи апсолутно од температурата, туку е пропорционален на температураната разлика помеѓу топлата и ладната страна. Затоа во инструментите (термостатите) се прави „компензација на ладна страна“ - тоа значи дека на ладниот спој (термопар - бакар) има сензор за мерење на ниски температури (амбиентални) и таа информација се користи понатаму при одредувањето на апсолутната температура.
Инаку има повеќе типови термопарови (во зависност кои метали се користат) од кои најкористени се
тип К - Cr Al - хромел алумел
тип Ј - Fe Const - железо константан
со овие се имам сретнато инаку има повеќе види на
http://en.wikipedia.org/wiki/Thermocouple
тука ќе ги најдеш и тие што се од благородни метали и останати, но за практична работа разгледај ги типовите што ги напишав.
Друга карактеристика на термопаровите е нивната нелинеарност односно генерираниот напон не е во линеарна зависност од температурата - па и тоа мора да се компензира односно линеаризира. За секој тип има полином со коефициенти по кои се пресметува отстапувањето.
Но сепак, доколку е потребно мерење во помал опсег - на пример 0-400 степени, или 600 - 800 степени (има разни потреби во индустриајта) и ако се прифати отстапување од неколку степени во дадениот опсег - може да се сметаат за линеарни и нема потреба од линеаризација.
Јас ги проучував овие термопарови, и одамна се спремам да направам термостат со PIC, ама не се наоѓа време никако. Ако се решиш нешто да правиш, кажи, па може да помогнеме.