Симетрично напојување е напојување кое дава на неговиот излез позитивен но и негативен напон. Напонот само се смета дека е негативен, инаку не постои таква работа како негативен напон, но во однос на некој референтна точка (како на пример маса) тој напон има понизок потенцијал од таа точка па се смета дека е негативен во однос на маса
.
Инаку, најчесто овие типови на напојувања се викаат симетрични бидејќи вредностите на позитивниот и негативниот напон во однос на мнаса се еднакви по вредност, но се разликуваат по знак, едниот е позитивен а другиот е негативен.
Најчесто симетричен напон се добива од трансорматори со таканаречен среден заеднички извод и овој извод се наоѓа најчесто на средината на секундарната намотка (за да може трансформаторот да дава еднаков наизменичен напон на едниот и на другиот крај на секундарната намотка во однос на среедниот извод). Средниот извод најчесто се зема како референтна точко во однос на која се дефинираат позитивниот и негативниот напон, односно се зема како маса. Еве една проста шема за добивање на симетричен напон од +-5V.