ама нешто кога ќе направиш ти не е исто со тоа што ќе го купиш
Мене исто ми е
. Барем за алат кога станува збор, подобро да купам одколку да правам, сум правел алат и на крајот пак сум морал да купувам
. Купено и правно не е исто и правам алат само кога немам друг избор и кога го нема да го купам тоа што ми треба
.
а викаш со овај компресорот не би можело да се прави
треба да барам сега по нет некој друг
Неколку пати спомнав, ова евентуално може да се изгради со моќна пумпа за аквариум, принципот на работа на компресорот во оригиналните лемни станици е тој. Единствен начин да се исплати како проект за самоградба е тој. Пумпи за аквариум има насекаде, така да, секој може да најде и да купи една. Е сега цената, тоа е друг проблем :S. Не знам која цена се помоќните, ама знам дека не се евтини (околу 1000 денари беа порано, сега не знам која цена се :S). Така да, кога ќе ставиш се на кантар, пак мислам дека не се исплати :S.
@ Гига, кај најде лемило за 3000 денари ?
Па во Алфа, на спрат горе, баш ги гледав, лемна станица само со SMD дувалка, без обичен леткум е 3000 денари. Единствен недостаток е тоа што го кажав, тие лемни станици немаат термо сензор, само со обичен 555 се изведени за да ги даваат сигналите за греење на греачот (може и некое друго коло да беше, ама слична функција како 555 има
).
Во самоградбата на ваков тип на станици најголем проблем е компресорот и каде да се најде. Ќе претпоставам дека ќе најдеш некој компресор кој може да биде адекватна замена и ќе претпоставам дека е евтин (на пример до 500 или 600 денари). Ако на ова ја додадам и цената на рачката од 600 или 700 денари, цената на деловите за да се направи, кутијата, потенциометри, LED дисплеи за прикажување на температура, контакти, црево за воздух, трудот, маката, баждарење... сума сумарум, според мене не се исплати. Да поправаш веќе купечка некоја, да, се исплати, ама да правам вакво нешто од нула, не. Дури и да најдеш адекватно компресорче, само на тебе ќе ти врши работа бидејќи тој тип на компресори ги нема секаде да се купат, а и ќе ги снема од пазарот за некое време (знаеш како е кај нас, се носи определена роба определен временски период и потоа ја снемува) и потоа проектот ти е неупотреблив :S.
Не ме сваќајте погрешно, не сум против самоградба на вакви работи, ама онаму каде што се исплати маката и трудот, за ова не верувам дека ќе се исплати.