Јас барем колку што сум забележал, витропластот е поскап, што по некоја логика би требало да значи дека е поквалитетен, што пак би требало да значи дека е подобар изолатор (има поголема диелектрична константа). А за тоа како се однесуваат витропласт и пертинакс на високи фреквенции, искрено не знам.
Можеби како пример може да се земат матичните плочи, каде што сите знаеме дека низ бакарните проводници се движат напони и струи со фреквенции од стотици мегахерци. Тие се изработени од витропласт, што по некоја логика би требало да значи дека витропластот се „однесува“ подобро од пертинаксот на високи фреквенции (сигурен сум дека произвдителите на матични плочи сигурно ќе сакале да заштедат на производната цена на матичната плоча ако виделе дека пертинаксот и витропластот се однесуваат исто при високи фреквенции на работа на колата поставени на тие плочи
).