Јас најчесто го земам од ЈОДИ (во Ново Лисиче) пошто ми е најблиску, кошта отприлика 260ден., го има и во Хубо и во Меркур, а би требало и во сите подобри продавници за бои и лакови. Има повеќе верзии, брз, спор, специјален за метал, за пластика итн., јас користам универзален и тоа спор (24 часовен) пошто има најголема крајна сила на држење (170кг/цм3). Исто битно е да знаеш дека самиот епоксид е и gap filling, т.е. парчињата што ги лепиш не мора баш идеално да налегнуваат пошто пополнува некои (не премногу големи!) неправилности помеѓу деловите што ги лепиш.
Иначе овој епоксид на BISON е со врвен квалитет, јас го користам со години за лепење дршки и др. на дрвени лакови за стрелаштво, кои трпат разни (зло)употреби - виткање, нагло отпуштање, употреба надвор на ладно, на топло, на мокро итн. и досега ниеден спој нема попуштено, исто имам лепено комбинации метал на дрво, дури и рог на дрво со одлични резултати