Како и до сега, нема да бидам себичен и оваа за жал тажна вест по мене ке мора да ја споделам со вас. Имено во денешно време сите по дома имаме лаптопи...Постојано се вклучени во струја, и нормално како резултат на тоа се случува многу често да ни прегори наапојувањето без кое нити може да се користи лаптопот, ниту пак може да се полни батеријата...Со еден збор лаптопот не ни е употреблив. Е сега, кога проблемот постои, сите сакаме да го решиме на што е можно поефтин начин. Но за жал или пак за среќа тој ’поефтин’ начин може скапо да не чини!!! На сите ни е скапо да купиме оригинален полнач кој чини понекогаш и 100 евра, или пак скапо ни е да го поправиме веќе расипаниот со балканскиот муабет: "А бе што ке му давам на мајсторон 1200 денари за да ми го поправи стариот адаптер, кога за 1800 имам нов и тоа универзален за повеќе типови лаптопи...А он 1200 денари сељак ке ми бара...Ја демек од марс сум паднал и незнам колку е нов. Не е оригинал ама што му фали. Топ си е. Нов, стакло".
Ке се запрашате зошто...Е па еве од неколкуте проследени слики, пропратени со краток коментар ке ви објаснам зошто.
И да не должам многу прикаската започна овака:
Друже здраво..Лаптопот не ми работи, а ми работеше. Купив полнач, нов и пак не се полни...Може ли да го направиш...итн итн итн...
Полначот е од марката HANTOL, добро позната реномирана фирма кај нас, но не и во светот, нормално...Се убаво, како што треба, но за голема среќа лаптопот остана читав. Еве го полначот со еден од додатоците за вклучување...Има дисплејче на кое се одчитува вредноста на саканиот напон, има УСБ излез за полнење на други работи (телефони, лампи итн нормално на излез со 5v 500mA) со еден збор пуњачов е драма (драмата ке следеше за малку
)
Самиот адаптер на задната страна има спецификација и упатство за употреба, односно упатство за местење на џекчето со соодветни маркери, како би се избегнала соодветна ДРАМА со поставување обратен поларитет на конекторот.
Обратете добро внимание на маркерите и шемата за приклучување.
Маркерот на крајот на кабелчето:
И според упатството и начинот на приклучување, го добиваме следново:
Следејќи го упатството на производителот, сигурни сме во тоа се што сме го направиле и фино адаптерот у струја, а џекот во лаптоп и
Но за среќа, јас како чатрапал си го направиф следново пред да го збрцам џекот во лаптоп (господ здравје да им даде на тие што измислија инструмент) :
Невидена работа!!! Наместо средишниот дел од џекот да е +, а надворешниот дел да е -, како и што очекувам од приложеното упатство на производителот, јас добивам обратен напон од 19 волти со кој тотално можам да го уништам лаптопот...Корисникот тоа веќе го пробал дома незнаејќи за овој феномен...
Работата оди понатаму...Јас го местам џекот правилно и нестрпливо пробувам да видам дали лаптопот успеал да преживее...За голема, ПРЕГОЛЕМА среќа на корисникот, лаптопот проработе без никакви последици....
Мислам дека извлековте големо наравоучение од оваа прикаска
Немојте да си играте со она со кое не знаете да си играте...Препуштете им ја работата на оние кои тоа веќе го работат. Верувам дека никој нема да ви побара пари ако го провери поларитетот на конекцијата доколку сакате да користите некој универзален полнач. Секогаш проверете како е распоредот на + и - на задниот дел од лаптопот каде што се уклучува џекчето, што во мојот случај изгледаше овака:
Обавезно запазете ја вредноста на напонот и струјата кои се декларирани од страна на производителот на самото упатство или пак на уредот...
Доколку сакате да си го поправите оригиналниот полнач, и доколку тоа јас би ви го направил, сето тоа би изгледало овака (малку да си се пофалам
, а во една прилика и ви ветив да ви покажам како би изгледало да се поправи адаптерот ) :
Слики на адаптерот пред да биде отворен:
Слика на адаптерот расклопен во тотала, отсечен конектор и изваден кабел:
Слики на адаптерот комплетно склопен и составен со конектор:
И? Замерки, коментари, поплаки, жалби?
Нешто нејасно?