IC излез пин 6 --> отпорник 220R (100R) ---> 1uF/50V Пласитчен ----> Amplifier
Да, вака би му дошла работата
.
Но, ако планираш да правиш и посебен засилувач (рачно направен, DIY), сигурно ќе знаеш дали има спрежен кондензатор на неговиот влез, па ако има, како што пиша batka, нема потреба од овој спрежен кондензатор со вредност од 1uF на излезот од филтерот
. На пример, ако планираш се во една кутија да ставаш (филтер заедно со засилувач), доволен е само еден спрежен кондензатор (не мора да има еден на влезот на засилувачот и еден на излезот од филтерот). Но, ако не знаеш на каква опрема ќе го приклучуваш, пожелно е да го има. Околу вредноста, не е критична (важно е да не е многу помала, на пример, долна граница би рекол дека би бил кондензатор со вредност од 470nF
). Во принцип, колку е поголема вредноста, толку подобро
. Ако можеш да најдеш кондензатор од 4.7uF/50V (само да не е електролитски, да е пластичен), уште подобро
.
Некој нека ми потврди дали 1uF/50V Пластичен = 1000 nf со код 105 ?
Да, кодот би бил тој, но вака најчесто се означуваат керамички кондензатори
. Пластични, се означуваат во nF или uF
. На пример, ознаката на пластичен кондензатор би била 1000nF или 1uF
(што не значи дека ознаката нема да биде и 105
, различни производители, различни стандарди
).