Го погоди Toma! Од прва
.
Инаку, не сум го сменил C401 туку сум го сменил C307... и тоа со вредност од 220uF
. Изгледа не сум пазел кога сум читал, сум исчитал 47uF наместо 4.7uF. Прво го сменив со 47uF електролитски и деформацијата се подобри, си реков, добро, го погодив, ќе да е тој, ама некако местото ми изгледаше многу големо за кондензатор од 4.7uF/50V (50V-ен сум ставил од 220uF, а обично гледам да ги запазам напонските декларации, особено на места кои имаат импулсен режим на работа, така да, претпоставувам дека и оригиналниот бил 50V-ен), ама си вика, ај, ќе го сменам, со 4.7uF електролитски, па што биде нека биде
... и, се се оправи, никаква деформација
. Не можев да најдам пластичен од 4.7uF по дома (требаше да врзувам во паралела 5 од 1uF, а искрено, ме мрзеше
), така да, нека тера со овој електролитскиов, па ако треба за 10 години, нека оди во ѓубре
.
Фала уште еднаш
.