Провери само да не си го средил трафото, а со друго не се замарај ако не е само до трафото.
Не разбирам, како да сум го средил трафото?
Кога спомнав мотање трафо мислев на друго за моќниот засилувач, не за ова. Ова работи скроз ок не ни загрева.
Реверб спиралата е ``од мајка``таква и не пипај ништо оти после ``ќе гребе како загорено тенџере`` што велеше еден познат гитарист. ``Се ла ви`` во превод од француски !!
Не ја чепкам секако, не правам модификации, какво е такво е. Евентуално ако се расипи нешто, како осигурувачот што се расипа сега ама е средено.
Овакви топчести транзистори ( патем германиумски се мислам!) не сум видел со години.
Не можам ни datasheet да најдам. CDC13000-1D, ако може некој да најде нека постира овде, јас скапав барање и ништо.
А фактот дена не е градено на печатена плоча кажува дека некаде кај 60-тите години припаѓа.
Го има на каталози од 1969-1971 година.
Гледам дека има и еден мал трафо до мрежниот, можно е да е пуш - пул, како што порано ги граделе излезите.
Ете гледаш не ми текна дека е можно да е пуш-пул... Ама зошто е 3тиот транзистор тогаш? Нели пуш-шил со два се изведува?
А оти не си зеде "оригинал" бас појачало ?
Патем звучникот од 360вати по мое е 120вати реално, па тда7294 таман ќе му дојде.
Искрено, немав пари, а кога го слушнав ова и кога видов на нет колку е старо (имам фетиш за стара електроника морам да признаам
) Веднаш го зедов, и освен тоа, можам да свирам и да врзам микрофон за со пеач, или уште една гитара за другар ми да не мора да го влечка и неговото кога си вежбаме, а доволно е гласно за вежбање со тапанар. А и reverb-от не е лош додаток...
А за звучникот, искрено, и мене за толку ми делува. Амортизерот и спајдерот нема шанса да се мрдаат доволно за да се приближи до 200W според мене, со 70W на 100Hz веќе движеше напред назад добри 60-70% од максималната положба.