Денес е одржан светскиот натпревар на IARU што се одржува секоја година. Радиоаматерскиот сојуз претходно одржа состанок во Битола, за да подели бандови, односно кој од која локација, која фреквенција и со кој мод ќе работи. Повеќето радиоаматери, искусни, но и почетници кои сакаа да учествуваат активно или како гости беа добредојдени. Се работеше од повеќе градови на различни локации. Натпреварот траеше 24 часа и беше навистина нешто посебно.
Битола имаше 3 локации и тоа, радиоклуб стево патакот, радио Битола, и спортскиот аеродром Логоварди.
Радиоклуб „Стево Патакот„ Битола.
Оператори Z33PB и Z31GH
Фреквенција : 80m SSB
Уреди: Icom IC-745
Локација број 2, Радио Битола
Оператори: Z31WW и Z31NA
Фреквенција 80m CW
уреди: Kenwood TS-940s
линеарец: Yaesu FL-2000B
Локација број 3, Спортски аеродром Логоварди, Битола
Оператори: Z3TW и Z31RM
Фреквенција: 40m SSB
уреди: TRIO TS-820
Линеарец: Nuclear Powerplant made by Z31RM
Овој линеарец е произведен од Тодор Z31RM има моќност од 2.5 кW и гази се пред себе.
Доколку радиоаматерите, членови на форумот учествуваа на натпреварот, или имаат слики, нека ги споделат тука