Моментално технологијата е стигната до LTO-7 каде што на една касета собира 6TB податоци, додека може да собере до 15TB компресирани податоци. Една касета LTO-7 чини околу 200 долари.
Да, но притоа не се наведува дека се користи хардверски алгоритам за компресија на податоците - во превод, компресија може да се направи само на податоци кои спаѓаат во групата на: бази на податоци, датотеки и слично. Мултимедиа не може да компресира. Тука спаѓаат слики, видео и аудио.
Јас имам Dell PowerVault SCSI Tape Drive на LTO-3 стандард (400GB/800GB компресирани) каде што касетата чини околу 20$ нова.
Планирам во скоро време да набавам SCSI картичка па да го испробам овој начин на архивирање така што ќе ги соберам сите слики од цел живот на едно место.
Не се исплати за домашно архивирање, особено ако количината на податоци ти е под 20 или 30TB. Подобро купи си два storage-и и нека прави едниот backup на другиот на определено време. Или земи си неколку екстерни HDD-иња и прави backup на нив еднаш или два пати во месецот. Притоа, прави двојни копии на различни медиуми. Кога ќе откаже едниот или ќе почне да откажува, искористи го другиот како backup, купи си нов екстерен HDD и направи копија од оној кој е исправен
. Не е лошо и датуми на активирање (ставање во употреба) да си пишеш на HDD-ињата
. Така барем ќе знаеш кој е постар а кој понов, особено ако имаш многу на располагање
.
И уште едно прашање во врска со архивирањето на LTO. Што кога ќе ти откаже LTO уредот? Не е прашање на „ако“, туку е прашање на „кога“. Дури и да имаш двојни копии од податоците, немаш како да ги исчиташ
. Треба да купуваш нов, а нови од трета генерација, веќе нема, значи ќе треба да „копаш“ по net-ов да набавиш некој на старо, а тој што ќе го набавиш кој знае во која состојба ќе биде
.
Би ти препорачал да прочиташ малку повеќе за LTO и за компатибилноста меѓу генерациите на LTO уредите и лентите, па потоа да се впуштиш во архивирање на домашните податоци на ленти
.